Игротека

Порака до добрата вила на запчињата: „Те молам, немој да ја слушаш мама“

Добрата вила на запчињата е еден од омилените измислени ликови на децата. Веруваат дека таа им носи подарок за првиот млечен заб што ќе им падне. Децата го ставаат запчето под перница, а вилата доаѓа во текот на ноќта додека спијат, го зема и го остава подарокот што го посакале децата.

Првиот млечен заб му паднал и на Ноа од Хрватска, па на вилата ѝ напишал писмо, откако неколку пати безуспешно се обидел да разговара со мајка си.

„Драга добра вило на запчињата, што и да посакам, мојата мајка вели дека ти не го носиш тоа. Те молам, немој да ја слушаш. Ако сите ние мораме, не мораш и ти. Ти благодарам, Ноа“, напишал Ноа на парче хартија.

фото извор: Index.hr

Пораката стана вирална и со денови кружи по социјалните мрежи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top