Дојавите за поставени бомби што изминативе денови ги добиваа училиштата предизвика паника меѓу учениците, наставниците и родителите и им ги уништија плановите за новогодишни приредби што традиционално се одржуваат во училиштата.

Но, откако училиштето „Тодор Ангелевски“ – Битола беше евакуирано затоа што доби дојава за бомба, наставничката Оливера Клочовска од I-5 одделение од подрачното училиште во Горно Оризари, во консултација со родителите, одлучи приредбата да биде одржана, но во дворот на една од ученичките за да не им пропадне едномесечната подготовка.

Таа и родителите успеаја да организираат да дојде и Дедо Мраз, па направија прекрасна новогодишна атмосфера за децата.

Вчера дојави за бомби на електронските адреси добија две основни училишта во Битола – „Стив Наумов“ и „Тодор Ангелевски“, поради што учениците и наставниците беа евакуирани, а наставата не се одржа.



912

X