Мајките прават сè и повеќето од нив немаат време за толку посакуваниот одмор. Но, една организација сака да го промени тоа. „The Old Knitting Factory“ од Ирска им нуди на самохраните мајки еднонеделен одмор во нивните простори во округот Голвеј, Ирска. За тоа време, тие ќе ги покриваат трошоците за згрижување на децата.
„Нашиот простор ќе можете да го користите секоја недела по ваш избор, а децата можете да ги земете со себе или не, како ќе ви одговара“, најавуваат тие.
Во просторот има брачен кревет, кревет на расклопување и креветче за играње. Лицето што ќе биде избрано од организацијата ќе добие 250 долари за трошоци за згрижување на децата. Не се вклучени патните трошоци.
Поради големиот интерес, апликациите веќе се затворени. Досега се пријавиле 615 заинтересирани жени.