Мојот сопруг е мојот најдобар пријател. Знам, знам, ги превртувате очите, но тоа е вистината. Откако започнавме да излегуваме уште пред повеќе од 10 години, тој од секогаш беше првата личност со која сакав да зборувам кога ќе се разбудам наутро и последната која се надевав дека ќе ја видам пред да ги затворам очите. Ги знае сите мои тајни, се справува и со најлошите мои особини и заедно го креираме најдобриот дел од мојот живот: семејството.

Го сакам тој човек – и така треба да биде. Но, неодамнешно работно патување ми предизвика паника која претходно не сум ја почувствувала. Колку и да е прекрасно тоа што јас и сопругот имаме таков однос, се плашам дека можеби премногу се потпирам на него. Не би рекла дека бракот ни е поделен на традиоционалните родови улоги, но тој повеќе се занимава со надворешните работи околу куќата. Фрлање и собирање отпадоци, грижа за кучето, за дворот. Исто така се справува и со комуникацијата со повеќето луѓе кои се грижат за поправките во домот, закажувањето термини, дури и кога можеме самите да го решиме проблемот.

Јас пак, сум повеќе зафатена со обврските внатре во домот – чистење, перење, речиси се поврзано со децата, а сопругот исто така се грижи за финансиите. Секогаш се сметав себеси за мајка која си е доволна сама на себе како личност, но некако влеговме во таа рамка на функционирање пред речиси 6 години, па сега ме загрижува тоа што во голема мера јас се потпирам на сопругот. Неодамна тој замина на работно патување, а јас сфатив колку ми е тешко да го изнесам ѓубрето. Звучи смешно, но јас со влечењето на кесите се препотив, немав воздух и ме фати паника. „Тој го прави ова секоја недела?!“, си помислев. Соседите кои ме забележаа дојдоа да помогнат – не можев да поверувам колку се љубезни, но некако се чувствував патетично.

Често го задевам сопругот со шега: „Што ли по ѓаволите ќе правиш без мене?“, особено кога се работи за перењето облека и социјалниот календар. Овој човек не ставил ниту чорапа во фиока откако сме се вселиле заедно. Јас сум таа која е задолжена и за родители-наставници состаноци, и се сеќава на имињата на сите татковци од пријателите на децата, со цел да се избегнат непријатни интеракции на роденденски забави. Но, навистина, не знам ниту јас што би правела без него. Најголема паника ми беше неодамнешното работно патување, не само должината на отсуството – бидејќи не бил отсутен со недели повеќе години, но начинот на живот кога не е тука.
Работите се многу поразлични од оние денови на ран почеток на врската. Кога бевме млади и заљубени, без еден тон обврски, па единственото нешто што беше важно беше нашата врска. Да го изгубев од било која причина, моето срце и надеж би биле целосно скршени. А сега, исто така. Но, тука се и практичните работи. Имаме две деца за кои се грижиме сега – и емоционално и финансиски. Имаме и куче, 2 автомобили и дом кој треба да се одржува. Даноци, позајмици, обврски. На животот кој го изградивме околу нашата љубов, сега влијаат и мнгоу други фактори, па не сум сигурна како би се справувала со сето тоа без него.

Не е само грижата за тоа што би правела без него, туку и фактот дека имам 2 мали ќерки од кои сакам да создадам силни и независни жени. Сакам да се потсетуваат на детството и да се сетат дека нивната мајка била самоуверена, дека била способна да го одржува животот на нормално ниво, кога нивниот татко бил на патување или работел до доцна. Сакам да се чувствувам самоуверена и кога јас патувам, или правам работи без него, да бидам сигурна во себе. Заклучокот е дека ми станало толку удобно сопругот да се грижи за мене, што сега тоа сознание ме избезумува.

Нема лесен одговор за овие мои грижи. Не дека барам уште повеќе одговорност, со оглед на грижата за децата, кариерата и одржувањето на домот. Но, мислам дека е важно и за децата и за мене, мама малку да обрне внимание и на обврските и надвор од домот. Дури и ако не е од друга причина, освен за мир во умот. А можеби се работи и за мојата способност да ги изнесам вреќите со ѓубре до корпите на тротоарот.

Автор: Џени Студенрот

Извор



912

X