Денешното време нè обзема сите, и возрасните и децата. Ни наметнува рутина на целосна активност која не нè носи до комплетно задоволство. Со таа обземеност сè помалку сме во дослух со себе. Не ги следиме сопствените потреби, можности и го пропуштаме тоа да се водиме од себеси.

Така е и со децата, кои неминовно се обземени со активности што не вродуваат со плод, ниту пак носат задоволство.
Со ова сакам да упатам на тоа дека е убаво децата понекогаш да имаат простор и да се досадуваат. Од таа досада ќе произлезе нешто креативно, бидејќи детето тогаш е во контакт со себе. Односно со она што го сака или му треба во тој даден момент или период.
Имам чувство дека родителите, поради некои нивни амбиции и поради нивниот живот, окупиран со милион обврски, истото им го креираат или наметнуваат и на своите деца. Од родителски аспект тоа значи насока, отворање пат за некоја идна професија или стекнување кадарност за одредена вештина, но, од друга страна, детето нема простор за избор. Ниту, пак, има можност да извади нешто од себе, да се следи и да се води од сопствениот инстинкт.

Никола Дукоски

Затоа, убаво е колку што е можно да имаат простор да не прават НИШТО. Во тоа ништо можеби ќе уживаат, можеби ќе се досадуваат, можеби ќе смислат нешто што е интересно или креативно, а понекогаш доволно е само да се одморат од ритамот на денот. Така ќе бидат во хармонија со сопствениот мир и возможно е да ја почитуваат таа празнина, со самото тоа што ќе ја почувствуваат. Со тоа можеби и сами ќе го остават телефонот или лаптопот, па ќе се досадуваат.
Од друга страна, нема опсесивно да се врзуваат само да прават нешто (на пр., играње игри) и од тоа нешто да не чувствуваат задоволство. Исто така, ќе бидат во хармонија со себе.

Во голема мера оваа неактивност дава простор да се смири духот, а со тоа ќе се подобри сонот, ќе имаат искуство како да се справат со досадата, чувството на празнина и како да се ослободат и, секако, ќе им се даде простор на децата да одбираат.

Затоа, родители, внимателно одбирајте што е најдобро за децата. Она што можам јас да ви го понудам е активности кои придонесуваат за социјализацијата како спорт и спортски активности. Но она што е многу атрактивно во светски рамки се развојни програми кои полека почнуваат да доаѓаат и кај нас.



912

X