Игротека

Полицаец и мало девојче си разменуваат алки за пријателство

Американски полицаец кој разменил алки за пријателство со 7-годишно девојче стана тик-ток ѕвезда.

Скарлет Вуд стоела во ред и чекала да влезе на концертот на Тејлор Свифт во Детроит кога здогледала полицаец со шарени алки на неговите зглобови. Таа отишла и го прашала дали сака да се замени со неа.

Семејството на Скарлет го снимило моментот и го објавило на „Тик-ток“ кога полицаецот воодушевено се согласува и се наведнува за девојчето да погледне одблизу и да ја избере алката што ја сака.

„Ова е најслаткото нешто што сум го видел“, „Глетката ми дава надеж дека има прекрасни полицајци“, се некои од коментарите на тик-ток корисниците.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top