Да се биде Поликсена значи светот да се гледа низ фантазерски очи. Да се ужива во приказните за принцези и замоци. Иако живее во среќно и богато семејство, опкружена со љубовта на најблиските, често си мисли дека не е вистинска ќерка на нејзините родители. Светот се превртува наопаку кога еден ден случајно дознава дека е посвоена!

Поликсена бега од дома и со помош на својата пријателка Лукреција тргнува во потрага по вистинските родители. Патувачкиот циркус, нивниот нов подвижен дом, ги носи низ најразлични авантури до вистината. Крајот на приказната ќе ве остави без здив. Задолжително, ведро, моќно четиво за сите возрасти.

Бјанка Пицорно е една од најзначајните современи италијански автори за деца и млади. Родена е на островот Сардинија, во градот Сасари. Постдипломски студии завршува на Факултетот за комуникациски науки, специјалност филм и телевизија. Автор е на педесетина книги кои се преведени на многу светски јазици, сите бестселери, закитени со голем број домашни и меѓународни награди. Таа речиси секогаш ја претставува женската димензија на главните хероињи во една широка панорама на силни карактери, кои се борат за подобар свет.

Оваа книга е дел од едицијата „Магични приказни“ поддржана од проектот „Креативна Европа“, од Програмата за култура на Европската Унија.




912

X