Воспитување

Сосед им открил на децата дека Дедо Мраз не постои, па интервенирала полицијата

Вистинскиот празничен дух во канадскиот град Брантфорд, Онтарио, бил нарушен од еден локален намќорест човек кој решил да им ја открие „вистината“ за Дедо Мраз на децата. Тој поставил рачно напишани знаци на прозорците од својата куќа, лоцирани веднаш по маршрутата на годишната парада на Дедо Мраз, на кои пишувало „Дедо Мраз е ЛАЖЕН“ и „Вашите родители ви купуваат подароци“. На трет знак пишувало: „Вашите родители се Дедо Мраз“. Овој потег ги налутил родителите и соседите, а телефоните на локалната полиција не престанале да ѕвонат.

Разлутените соседи веднаш ја повикале полицијата, која брзо реагирала на пријавите.

-Полицаецот разговараше со одговорното лице и знаците оттогаш се отстранети. Иако не е нелегално да се биде Гринч, ги охрабруваме сите да го прифатат духот на празничната сезона и да помогнат во создавањето позитивна, гостопримлива заедница, особено за време на настани како што е Парадата на Дедо Мраз – изјавила Робин Метјуз-Осмонд од полициската служба на Брантфорд.

Метјуз-Осмонд потврдила дека самите знаци не биле нелегални поради законите за слобода на говорот и фактот дека биле на приватен имот.

Онлајн реакција

Сепак, фактот дека не е прекршен ниту еден закон не ги спречил лутите родители да го изразат своето незадоволство на социјалните медиуми.

-Разбирам дека секој има право да стави што сака во својот прозорец, но ова изгледа злонамерно и бесмислено – напиша администраторот на фејсбук-страницата „Канадски готик“, поткаст за вистински криминал.

Многумина се согласиле со тој став.

Извор

Поврзани написи

To top