За многу родители, летото е период кога се одлучуваат да ги одвикнат децата од пелени. Многумина на тоа гледаат како на мисија која мора да ја завршат. Поради таквото размислување, често само си ја отежнуваат целата работа и на децата им предизвикуваат огромен стрес. А токму затоа многу деца жестоко се противат на користењето нокшир. Меѓутоа, сè ќе биде полесно ако на одвикнувањето од пелени се гледа како на забава во која учествува целото семејство со една цел – одвикнувањето да биде весела и интересна активност. А извршувањето нужда во нокшир е нешто што ќе дојде спонтано.
Кога да се започне со одвикнување и кои знаци да се следат?
Кога детето научило да седи (околу 6. или 7. месец), тогаш може да се почне со одвикнување. Во тој период бебето не е премногу заинтересирано за проучување на околината, туку поинтересни му се прстите на нозете кои се обидува да ги стави в уста. А тоа значи дека е и е многу полесно да го задржите на едно место, односно на нокшир, отколку кога ќе почне да оди. Иако многумина се чудат на овој предлог, така до неодамна се правело. Пред околу 20 години и педијатрите го препорачувале тоа. Но, со пристигнувањето на еднократните пелени и цела индустрија која заработува милијарди на тоа, сè се променило. Ако сте ја прескокнале таа прва можност за одвикнување, тогаш добро би било да се почека детето самото да почне да покажува дека е подготвено (се обидува да ја соблече пелената, ги имитира родителите или говори нешто како: пипи, кака). Тоа е обично помеѓу 18. и 24. месец. Тогаш треба малку повеќе креативност и ангажман од страна на родителите бидејќи тоа е и време кога детето го усовршува одењето и кога е многу заинтересирано за истражување на околината, па прилично е тешко да се придобие да седи мирно неколку минути на нокшир.
За децата, седнувањето на нокшир е прекин на забавата – родителите треба да ги потсетуваат

Како прво, детето треба да биде подготвено, а како второ, родителите мора да се договорат сами со себе дека тоа го сакаат и дека се подготвени на такво нешто. А потоа треба да се соблечат пелените и да се отстранат од домот. Додека знаат дека ги имаат, многу родители на првите знаци на проблеми им ги враќаат пелените на децата и со тоа ги збунуваат. А, исто така, додека детето знае дека некаде ги има, ќе направи сè за повторно да ги користи бидејќи така му е полесно. Седнувањето на нокшир им е многу здодевно и ги прекинува во забавата. Првите 10 дена родителите се оние што мора да водат сметка дали детето мора да изврши нужда и кога би можело да ја изврши. Потоа детето ќе почне и самото да најавува дека мора да изврши нужда, но родителите и понатаму треба да го потсетуваат. Тоа е заиграно и често нема да се сети да каже. Што сè е потребно за одвикнување од пелени?
-Мноооогу трпение.
-Силни нерви.
-Многу забава и игра.
-Средство за чистење под.
-Нокшир.
-Околу 30 пара гаќи.
-Резервна облека за децата и родителите (особено важно за излегувања), бидејќи никогаш не знаете кога незгодата ќе заврши во вашиот скут.
-По можност посетување едукативни активности за наведеното за да се избегнат грешки и сè да се олесни.
Автор: Ива Брчиќ, сертифициран едукатор