Игротека

Постепено враќање во форма по породувањето

Честитки! Дома сте по успешното породување, гушкајќи го вашето новороденче и чувствувате сè, од среќа до тага, од умор до енергија.

Голем дел од жените се чувствуваат демотивирани по породувањето затоа што телото им се променило и имаат некој килограм плус. И често мајките се посветени на грижата за бебето, па забораваат да се грижат за себе. Но, можат да се постигнат и двете работи.

Бидете нежни кон себе

Не брзајте. „Девет месеци бременост, девет месеци закрепнување“ е реална мантра која треба да ја следите ако сакате да се вратите на формата како што бевте пред бременоста.

Почнете да се движите

Прво, вежбањето во постпородилниот период е во ред, но што можете да правите, ќе зависи од тоа дали сте се породиле со царски рез, од вашите рутини пред бременоста и дали вежбавте за време на бременоста.

Ако не бевте маратонец пред бременоста, немојте да го правите тоа ни по бременоста. Ако можевте да трчате маратон пред бременоста, вратете се на тренинзите полека.

Ако немавте многу рутина пред бременоста, сега е одлично време да започнете.

Вежбање и доење

Ако доите, екстремните вежби можат да ја намалат продукцијата на млеко, затоа бидете внимателни.

Полека и постепено

Почнете полека и постепено за да ја вратите силата и да се вратите на саканата тежина. Ако сте уморни, создавањето нереални цели ќе изгледа уште поневозможно. Бидете реални и дајте си признание за активности кои претходно можеби не сте ги сметале за „вежбање“.

Совети:

  • Слушајте го вашето тело; ако е премногу, застанете;
  • Вежбајте кога имате енергија;
  • Вежбајте со бебето – шетајте со количка, носете го бебето по скали;
  • Зголемувајте го времетраењето бавно; започнете со 10-минутна прошетка, потоа додавајте време;
  • Танцувајте држејќи го бебето – забавно е и вежбате!
  • Поставете си реални цели, и бавниот напредок е некаков напредок;
  • Вклучете го семејството;
  • Разговарајте со вашиот лекар ако не сте сигурни за тоа што смеете, а што не смеете.

Создавањето здрави навики за вежбање по породувањето ќе ви помогне да воспоставите добра рутина. Доброто чувство за себе ќе има позитивно влијание и врз бебето. Можете и да се сакате себеси и да сакате да се подобрите во исто време. Научете да го сакате и прифатите вашето постпородилно тело.

Извор

Поврзани написи

To top