Во време на секојдневни трендови и брзи видеа, мало девојче потврдува дека за некои вирални видеа не се потребни филтри, ниту сложени ефекти, туку е доволно едно парче кашкавал и голема доза искрена радост.
На инстаграм-профилот на мајка ѝ Тифани се појави кратко, но неодоливо видео што собра над половина милион прегледи, прикажувајќи го девојчето како со упорност ја изразува својата љубов кон кашкавалот.
Секогаш кога мајката ѝ ѝ дава мало парче кашкавал, девојчето се радува со искрена насмевка.