Лакирање на ноктите на тато? Нема проблем. Може една фризура со панделка? Секако. Тато ќе глуми балерина? Сè за принцезата.

Иако до неодамна ова беше прилично чувствителна област, денес сè повеќе татковци попуштаат и им дозволуваат на своите ќерки да ги дотеруваат. Вистина е дека некои сепак се нервираат и непријатно се чувствуваат, но многумина ќе им дозволат. Барем во приватноста на нивниот дом.

Ова го докажува и актерот Двејн Џонсон, кој е познат по тоа што неговите ќерки редовно го дотеруваат. Се чини дека неговите ќерки немаат граници кога станува збор за шминкање и дотерување, а неговите инстаграм-фотографии го покажуваат токму тоа.

Извор



912

X