За децата без родители, пронаоѓањето семејство во кое ќе бидат сакани е непроценливо. Пејџ Зезулка и нејзиниот сопруг посвоија три деца, а моментот кога тоа му го кажале на едното девојче го фатиле на камера.
Видеото, кое го објавиле на „Фејсбук“, за брзо време стана вирално, прегледано е 17 милиони пати, а го споделиле 206.000 луѓе.
https://www.facebook.com/9351231/videos/10117529396266254/
– Ова е денот кога ѝ соопштивме дека ќе ја посвоиме. Се молеше да се случи тоа и на роденденот дознавме дека нашиот сон ќе стане јаве. Наредниот ден ѝ купивме кутија-изненадување. Моментот беше совршен – напишала Пејџ.
Освен девојчето, овој пар ги посвои и нејзините брат и сестра.
– Нашите деца поминаа 1.128 дена во згрижувачки семејства. Таквиот живот е многу тежок за децата. Посвојувањето е неверојатно и сакаме и другите луѓе да знаат дека посвојувањето на едно дете и на неговиот брат или сестра може да биде најубавата авантура – додала гордата мајка.