Во британската кралска фамилија во последните неколку месеци имаше многу случки, а една од позначајните е раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Поради тоа, по низа деловни обврски во кралството, тие решија да одат на краток одмор со своите деца.
За локациите на медените месеци и годишните одмори на членовите на кралската фамилија не се зборува во јавноста. Дестинациите се кријат од медиумите за да не им се нарушат мирот и приватноста. Сепак, некои медиуми успеале да дојдат до информацијата каде летово ќе се сончаат Вилијам и Кејт.
Според западните медиуми, британскиот престолонаследник и неговата сопруга, која пред три месеци на свет го донесе нивното трето дете, принцот Луис, отпатувале со приватен авион на карипскиот остров Мистик.
Брачниот пар и нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, беа видени на аеродромот во Света Лусија додека влегуваа во помал авион кој требаше да ги однесе до островот.
Фото: Инстаграм
Наводно со нив отпатувале и родителите на Кејт, кои ќе ѝ помагаат со бебето, но и со Џорџ и Шарлот. Овој пат не им се придружи бремената сестра на Кејт, Пипа Мидлтон.
Инаку, островот Мистик е помалку познат во јавноста и е оддалечен стотина милји од Барбадос. Малиот приватен остров е опколен од тиркизно море, а на него преовладуваат песочните плажи. Во овој тропски рај се изградени стотина приватни вили и поради тоа, оваа локација ја одбираат претежно најбогатите луѓе на светот што сакаат приватност.
Ова не е првпат Кејт и Вилијам да одат на овој остров. Во 2012 година беа таму сами, како брачен пар, а две години подоцна беа и со Џорџ, кој тогаш имаше само една година.
Инаку, родителите на Кејт речиси секоја зима одат на Мистик на краток одмор.
На малиот принц Џорџ во неделата му беше роденден, а медиумите шпекулираа дека го прославил играјќи си на некоја од прекрасните плажи.
Погледнете каде летуваат: