Сара Димучио се пофали на „Тик-ток“ со голема пресвртница во животот на нејзината ќерка.
Нејзиното девојче Нора првпат влезе сама во градинка.
– Моето девојче првпат оди сама во градинка – стои во описот на видеото кое собра 20 милиони прегледи.
На видеото се гледа Нора со ранец на грбот. Нејзиниот татко нежно ја пушта, а таа сама влегува во градинката и им приоѓа на воспитувачките кои изгледаат повозбудени од неа. Една од воспитувачките се наведнува и ги подава рацете кон Нора, а таа го забрзува чекорот и ѝ приоѓа во прегратка.
@sarahhdimuccio #fyp #corememory #daycare #kids #kidsoftiktok #parentsoftiktok #babiesoftiktok #babygirl ♬ Bundle of Joy (From “Inside Out”) – Benny Martin
912