Објавено видео од кампања против злоупотреба добива многу пофалби поради неговата скриена порака насочена кон децата.
Огласот е создаден од Фондацијата АНАР во обид да им помогне на децата кои се соочуваат со злоупотреба, како и да ја прошири свеста за постоењето на организацијата и да ги собере многу потребните финансии за да може да продолжи да ги поддржува жртвите на злоупотреба.
Рекламата забележала огромен успех и тој успех продолжува повеќе од 10 години подоцна, со тоа што снимката сега била повторно споделена, а корисниците на социјалните мрежи веднаш и во голем број изразиле поддршка за пораката што се испраќа.
Погледнете ја рекламата овде:
На снимката се гледа рекламата на фондацијата, на самиот екран кој е поставен на улица, како и поминувањето на луѓето во поголем временски период, со забрзано темпо. Видливата порака гласи: „Понекогаш, злоупотребата на децата е видлива само за детето што го трпи тоа“.
Меѓутоа, под него се крие друга порака, насочена кон децата кои можеби шетаат по улица придружувани од нивниот насилник.
Ако сте со помала висина, гледате поинаква слика во споредба со оние со повисок раст.

Скриената фраза гласи: „Ако некој ве повреди, јавете ни се и ние ќе ви помогнеме“.
Потоа следува бројот за помош на деца и адолесценти – шпанска организација која нуди доверлива поддршка, посветена на промовирање и заштита на правата на децата и адолесцентите.
И покрај тоа што огласот првпат бил објавен пред повеќе од 10 години, тој продолжува да добива огромен број пофалби. Корисник на „Редит“ повторно го сподели видеото и објавата на платформата и забележал прилив на коментари за поддршка на организацијата.
Едно лице напишало: „Брилијантно – ми се допаѓа ова“.
„Ќе беше многу кул ако имаше нешто вакво додека бев дете. Добар изум“, додал друг.
Автор: Попи Билдербек