Апелирам општествено одговорните компании, фирмите што имаат можност и физичките лица што можат да си дозволат, да донираат ИТ-уреди за учениците чии родители немаат можност да им купат за да следат онлајн-настава, вели одделенскиот наставник Иле Михајловски од Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Свети Николе, кој во септември ја почна акцијата за собирање и донирање училиштен прибор за децата од ранливи категории.

– Таргетот сега е на функционални компјутери бидејќи новите се навистина скапи и недостапни за децата во семејства во кои има дури и две плати. Цел септември собиравме донации во училиштен прибор, кој во октомври беше дистрибуиран. Апелирам до компании, фирми, физички лица да ме контактираат – вели наставникот Иле.

Досега вкупно 110 училишни пакети им се поделени на ученици во три основни училишта – „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ во Свети Николе и „Даме Груев“ во Ерџелија, а дополнително прибори-играчки за деца се дадени во градинката „Рахилка Гонева“.

– Донирани се и вкупно шест компјутери на семејства, а дополнително други осум семејства се обезбедени и со облека. Ме контактираа лица што сакаат да донираат и да помогнат – додава наставникот.



912

X