Од денес во основните училишта почнува уписот на ученици во 1. одделение и ќе трае до крајот на месецов. Училиштата треба да ги објават резултатите од уписот до 15 јули.
Владата го усвои протоколот за запишување ученици во прво одделение во основните училишта, според кој, тестирањето на децата во училиштата треба да се одвива со 20-минутна пауза.
Дел од постапката за упис може да се направи електронски на адреса дадена од училиштето. Се пополнува пријава, која треба да биде доставена исто така електронски.
Родителите/старателите што немаат можност електронски да ја пополнат пријавата, можат да ја подигнат во печатена форма од училиштето. Потребни документи за запишување се Извод од Матична книга на родените на ученикот (копија), лична карта од родител на увид, потврда за примени задолжителни вакцини (останува во училиштето), потврда за орално здравје од стоматолог (останува во училиштето). Документите треба да бидат доставени на денот на тестирањето.
Правилата што мора да се почитуваат при упис може да ги прочитате ТУКА.
912