Игротека

Почна пријавувањето за кампот на најтрофејниот фудбалски колектив на планетата – „Реал Мадрид”

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, на брегот на Охридско Езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата со земји во кои ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7 до 17 години.

Кампот на „Реал Мадрид фондација“ може да биде вистинското место што ќе им го трасира патот до фудбалските височини на сите момчиња и девојчиња што ќе бидат дел од него.
Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб, сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување. Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот, во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бонтон, дружење и многу забава.
Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.

Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.

Комплетната понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia може да се најде на следниот линк.
Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид фондација во Македонија – „Спорт арена“, првиот камп го направи во јуни годинава во Скопје. На него поминаа 100-ина учесници, голем дел од Македонија, но и учесници надвор од границите на татковината. На вториот камп организаторскиот дел ѝ е доверен на агенцијата КМГ Спорт, агенција со големо искуство во делот на организација на кампови и тоа е уште една гаранција дека секој учесник на овој камп ќе има незаборавно „кралско искуство“.
Пријавувањето може да се направи на следниот линк .

*Комерцијален текст

Поврзани написи

To top