Здравје

Плацентата ги отфрла протеините за да го спречи влезот на коронавирусот

Плацентата можеби има начин да се заштити себеси, но и фетусот од инфекција со коронавирусот, се посочува во мала американска студија. Научниците проучувале 24 жени што се породиле помеѓу јули 2020 година и април 2021 година. Осум жени имале симптоматски ковид-19 во второто тримесечје, осум биле заболени од вирусот во третото тримесечје, а осум не биле заразени во текот на бременоста.

Кога ковид-19 се појавува во бременоста, особено во третото тримесечје, се чини дека клетките од плацентата го „отфрлаат“ површинскиот протеин наречен ACE2 што вирусот го користи за да се пробие во клетките и да ги инфицира, оставајќи помалку простор за навлегување на вирусот. Жените што имале ковид-19 во третото тримесечје имале високи нивоа на ензимот наречен ADAM17 за кој е познато дека помага во ослободувањето на ACE2 од површината на клетката, објавиле истражувачите во „Американски журнал за патологија“.

– Плацентата, исто така, може да „чувствува“ дека мајката има ковид-19 и може да го воспостави овој механизам за да помогне во отфрлањето на протеинот ACE2 и да се спречи вирусот SARS-CoV-2 да ја нападне плацентата и да го инфицира фетусот – вели Елизабет Таглауер од Бостонскиот медицински центар.

Претходните студии покажаа дека клетките на плацентата се инфицираат само во 7 до 20 отсто од бременостите во кои мајката има ковид-19. Кога вирусот некако ќе влезе во плацентата, тој ретко стигнува до фетусот, додаде таа.

Нејзиниот тим планира понатамошно истражување за откривање на „заштитни патишта“ кои би можеле да го спречат вирусот да ги напушти клетките на плацентата и да влезе во крвотокот на фетусот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top