Воспитување

Пит Дејвидсон ги добил најдобрите совети за родителство од Еди Марфи – и тие се одлични

Познатиот американски актер и комичар Пит Дејвидсон е на прагот да стане татко. Тој го очекува своето прво дете со својата девојка, моделот и актерка Елси Хјуит, а неодамна се појавија заедно на црвениот тепих првпат откако ја објавија среќната вест, на премиерата на новиот филм „Д Пикап“. Пит отворено зборуваше за тоа колку е возбуден што ќе стане татко, за својот живот во моментов, а исто така го спомена и советот што го добил од легендарниот Еди Марфи, со кого глуми во истиот филм.

-Ова е највозбудливото нешто на светот за мене. Искрено, немам зборови. Толку сум возбуден и едноставно… едвај чекам! Чувствувам дека конечно сум во фаза од мојот живот кога сум подготвен да бидам татко – изјавил Дејвидсон.

Идниот татко изгледа многу самоуверен и чувствува дека ќе биде многу добар во тоа. Иако сè уште не е родител и ова му е прво дете, тој верува дека тоа е најдобро време да даде сè од себе.

-Среќен сум што се случува токму сега. Чувствувам дека е вистинско време – рекол Дејвидсон.

Тој не го крие и восхитот кон својата партнерка.

-Таа е вистинска хероина. Таа е силна жена. Има ендометриоза, па затоа болката не ѝ е непозната. Но, секогаш се смее и прави и јас да се смеам, па – добро сме – додал Дејвидсон.

Во новиот филм, на кој присуствуваа идните родители, Дејвидсон глуми покрај Еди Марфи, искусен татко и колега, па новинарите очекувано го прашаа дали имал некаков совет за родителство од него. Не само што го добил, туку мора да се каже дека тоа е веројатно најдобриот совет што некогаш ќе го добие како родител.

-Ми рече: „Немам никаков совет за тебе“. Затоа што навистина не можете да му кажете на некого како да го воспитува своето дете. Но, тој додаде: „Ќе ви го промени животот. Ќе го обожавате. И знам дека ќе бидете добри во тоа – истакнал Дејвидсон.

Дејвидсон всушност бил повеќе од задоволен од овој совет и не криел колку многу му значел.

-Навистина е посебно да добиете таква потврда од вашиот идол – заклучил тој.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

To top