Седумгодишниот Блејк и неговата мајка живеат во засолниште на непрофитната организација „Сејф Хевен“ во Тексас, кое им помага на жртвите на насилство во семејството.

Малиот Блејк неодамна му напиша писмо на Дедо Мраз, а тоа беше објавено од организацијата на нејзината фејсбук-страница, при што стана вирално и беше споделено од илјадници корисници.

Во писмото пишува:

„Драг Дедо Мраз,

моравме да го напуштиме нашиот дом. Тато беше лут. Моравме да ги извршиме сите задачи. Тато го доби она што го сакаше. Мама рече дека е време да си одиме и дека таа ќе нè однесе на побезбедно место каде што нема да бидеме исплашени.

Сè уште сум нервозен. Не сакам да зборувам со другите деца. Дали ќе дојдеш овој Божиќ? Тука немаме ништо. Дали можеш да донесеш книги, речник, компас и часовник? Исто така, сакам многу, многу, многу добар татко. Дали можеш да ми го исполниш и тоа?

Со љубов, Блејк.

По прочитаното писмо, фејсбук-корисниците понудија помош за Блејк и неговата мајка и прашаа дали може да му испратат подароци.

Од организацијата се огласи извршната директорка Кетрин Џејкоб, која изјави дека Блејк веќе го прими првиот подарок.

– Благодарение на вашите донации, Блејк го доби она што го побара од Дедо Мраз. Но, со 117 жени и деца на кои им е потребно засолниште, потребна ни е вашата помош за да обезбедиме сигурно место за престој во текот на цел декември – напишаа од организацијата со објавената фотографија од писмото.

Кетрин изјави и дека идентитетот на Блејк и неговата мајка се чуваат во тајност поради безбедносни причини, но и дека секојдневно наоѓаат вакви писма. Ова писмо одлучиле да го објават за да ја подигнат свеста за насилството во семејствата.



912

X