Мој драг сине,
Ми кажа дека си испраќал пораки на девојче и сте планирале да се видите некаде на училиште. Сакав да те прашам дали е тоа состанок, но не сакав да те засрамувам. Сакав да прашам какво е девојчето, дали е љубезно, дали е паметно? Каква музика слуша? Дали е како мајка ти? Помина долго време од ваквите работи за мене. Па дали веднаш ти се допадна? Зошто некогаш некое девојче ти оди на нерви и одеднаш чувствуваш дека сакаш постојано да си околу него. Како вчера да беше кога единственото женско лице што не ти одеше на нерви беше мајка ти.
Кога почнаа да ти се допаѓаат девојки?
Веројатно не е важно што точно се случило или кога. Важно е да знаеш што е она што го бараш, и уште поважно – како да се однесуваш кога ќе го најдеш. Кога беше малечок ѝ рече на мајка ти дека сакаш да се ожениш со неа кога ќе пораснеш. Но, сега знаеш дека тоа не е можно. Но, во тоа време сакаше да се ожениш со мајка ти бидејќи таа ги имаше сите квалитети што ти ги сакаш кај девојка. Но, јас се оженив со неа, па јас сум „експерт“ по тоа прашање, ако може така да се каже. Знам дека имаш само 12 години. Сигурно ќе имаш неколку девојки пред да се ожениш со вистинската. Но, може од експертот да научиш и како да се однесуваш за да не правиш грешки. Не земај совети од пријателите. Запомни: „Ако слеп човек води слеп човек, и двајцата ќе паднат во бездна“. Па еве што мене ми помогна кога ја запознав мајка ти.
Што да бараш: Барај некој што е подобар од тебе. Едноставно е. Барај некој на кој му се восхитуваш, не само за убавината, туку и за тоа што е паметна, за нејзиниот став, за начинот на кој ги третира членовите на семејството и пријателите. Кога ќе најдеш некоја што е подобра од тебе, автоматски ќе сакаш да бидеш подобра личност околу неа. Ништо друго не е важно – нејзината раса, етникум, колку пријатели има или колку лајкови има на „Инстаграм“. Ниту нејзиниот социјален статус и религија. Ништо од тоа не е важно. Прашај се себеси следново: Дали таа ме мотивира да бидам подобра личност? Ако одговорот е потврден, тогаш си со со вистинската личност.
Како да се однесуваш – листа
Кавалерството не е мртво – биди џентлмен. Држење на вратата, помагање при носење работи, местење на столот, давање на палтото кога ѝ студи – сето тоа е добро, но има и некои детали кои изгледа се изгубени во твојата генерација. Како на пример:
Пушти ја прва – пушти ја прва и чекај да пристигне и нејзината храна пред да почнеш да јадеш.
Дај ѝ комплимент – Упати комплименти за тоа колку прекрасно изгледа.
Имај почит кон нејзините родители – Не вели „Хеј, како е?“, ќе кажеш „Добро утро господине….“
Имај почит кон нејзиното семејство – Почитувај ги нејзините родители и кога не се присутни. Дури и ако е лута на нив, имај почит.
Изненади ја со нешто без причина – Како цвеќиња, а не „Снепчет“. Сепак, снепчет-приказна за тоа како се купени цвеќињата може да биде кул.
Заштити ја – Увери се дека ќе стигне дома безбедно пред ти да си заминеш дома.
Секогаш чувај ја на безбедно – Оди на страната од улицата кога се шеташ со неа. Заштитувај ја.
Не прекажувај – Дојди разговарај со мене, ако не го сфаќаш ова.
Изнуди ѝ насмевка
И уште неколку многу важни работи:
Охрабрувај ја – Охрабрувај ја да цели високо (да биде подобра на училиште, да трча побрзо, да се натпреварува со поголема мотивација).

Предизвикувај ја – Предизвикувај ја да пробува нови работи, нови искуства кои ќе ја подобрат како индивидуа.
Барај нејзино мислење и насоки цело време
Ако можеш да направиш 80 отсто од ова, ќе те сака. Дај 100 проценти од себе и таа ќе те сака и почитува.
Како да се однесуваш – листа со она што не треба да се прави:
Измами кои повредуваат (шеги) – Не треба да се задева девојката со нешто што ќе ја повреди само за смеење. Знам дека е тоа популарно на „Јутјуб“, но не сакаш да бидеш еден од таквите луѓе што се занимаваат со непријатни работи.
Вулгарност – Не користи вулгарност директно насочена кон неа, нејзиното семејство или пријателите. Ниту пред неа ниту зад нејзин грб. Почитувај.
Разочарување – Ако кажеш дека ќе бидеш некаде или ќе направиш нешто, стори го тоа. Не разочарувај ја намерно. Девојките сакаат мажи, а не мали момчиња. А мажите се држат до зборот.
Зјапање во телефон – Не испраќај пораки и не зборувај на телефон кога си со неа. Држи ги очите на неа, а не на технологијата околу тебе.
Лажење и криење – Ако згрешиш, признај. Промени се, подобрувај се и продолжи напред. Ако го практикуваш тоа, ќе ти прости.
Засрамување и понижување – И таа може да прави грешки, па прости искрено. Не држи лутина, немој да ја засрамуваш и понижуваш.
Озборување други луѓе – Дури и ако таа го прави тоа, не учествувај. Не вели ѝ да не го прави, само слушни што зборува. Можеби ќе се чувствува иритирано, но ќе те почитува што имаш одреден став по тоа прашање.
Твојата девојка можеби нема да биде и твоја сопруга, но ако ги следиш советите на овој експерт, ќе изградиш долгорочна врска. И можеби следната девојка што ќе ја сретнеш ќе биде како твојата мајка.
„Љубовта е трпелива и љубезна, љубовта не завидува или фали, не е арогантна или нељубезна. Не инсистира на својот начин, не иритира и не е огорчена, не се радува на грешки, но се радува на вистината“.
Те сака,
Тато.
Автор: Алекс Лим