Воспитување

Писмо до исцрпената самохрана мајка: „Не си сама“

На неколку месеци, бран од исцрпеност ме преплавува. Имам чувство како енергијата да ми се намалува и едвај се справувам со мојата двегодишна ќерка. Моето трпение е сѐ потенко и до крајот на денот се потпирам на ѕидот во тушот бидејќи напорот да останам исправена е преголем за мене. Понекогаш ова чувство се задржува ден-два, а во комбинација со предменструалните симптоми, по недела-две.

Пред да станам мајка, приоритет ми беше да спијам по девет часа во текот на ноќта, бидејќи тоа му требаше на моето тело за да бидам полна со енергија. Самото пишување на оваа реченица ми предизвикува појава на измешани, конфликтни чувства: копнеж, тага и прифаќање. Откажувањето од сонот заради непредвидливото родителство во раните години од животот на ќерка ми во текот на ноќта и насочувањето на енергијата кон грижа за детето во текот на денот ми беа навистина тешки.

Залагањата на самохраната мајка се уникатно интензивни. Понекогаш се чувствувам како суперхерој, а некогаш исцрпено. Се грижам за ќерка ми, водам бизнис кој е единствен извор на приход, подготвувам јадења, често додека ќерка ми е залепена за мојата нога, расчистувам по оброците, го чистам домот, купувам намирници, работам на креативни проекти и идни цели, одржувам пријателства и практикувам дневни духовни ритуали.

Научив да ја насочувам енергијата на она што ми е потребно за да преживеам, стратешки го одржувам телото, ги заштитувам достапните часови за спиење колку што можам, се вклучувам во некаква форма на секојдневно движење, резервирам време за себе секоја недела, а понекогаш сум едноставно изморена, и покрај сѐ.

Па затоа, до сите самохрани мајки кои како мене се борат ден и ноќ да се осигурат нивните деца да имаат сѐ што им е потребно, сакам да знаете дека не сте сами.

За самохраната мајка која гледа во мијалник полн со валкани садови, ручеци кои треба да се подготват, електронски пораки на кои треба да се одговори откако детето ќе заспие, не си сама.

За самохраната мајка која лежи додека детето буквално врти кругови околу тебе, не си сама.

За самохраната мајка која работи напорно за да купи намирници, да зготви храна, да исчисти, за секој оброк, не си сама.

За самохраната мајка која е 100 отсто одговорна за грижата за детето, не си сама. За самохраната мајка која воздивнува длабоко кога нејзиното дете се измочало и го истурило појадокот пред шест часот наутро, не си сама.

Не си сама, те гледам, јас сум ти и завршуваш одлична работа.

Еден од моите клиенти еднаш ми рече: „Самохраните мајки се најмоќните жени во светот“ и јас се согласив со секоја клетка од моето битие.

Моќни сме – и многу многу изморени.

Автор: Сара Ворен, психотерапевт

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top