Игротека

Писателка објави пет клучни лекции за родителството што ги научила во светот

Писателката и новинарка Наташа Кристиќевиќ, која многу патувала низ светот, има напишано книга за родителството. Таа вели дека родителството навистина е тешко во сите делови на светот, но ниедно место не е толку осамено како во САД.

Различни култури негуваат различни вредности и имаат различни правила и обичаи. Така и во родителството, каде што секоја земја има свој специфичен пристап. Некои од овие култури носат мудрост која може да биде корисна за некој на другата страна на светот.

Во време кога започна ковид-пандемијата, една писателка и дописничка на „Гардијан“ одлучила да се пресели со своето семејство од Америка во Сингапур, кај нивните најдобри пријатели.

– Бевме само уште еден пар уморни родители, кои се исцрпени обидувајќи се да направат сè со малку поддршка – вели новинарката Марија Лопес.

Живеејќи во близина на своите пријатели, тие често си ги менувале обврските за чување деца, заедно јаделе и се дружеле. Лопес дозволила пријателите да им викаат на нејзините деца тогаш кога е потребно, а книгата која подоцна ја напишала се вика „Ве молам, викајте им на моите деца“.

– Брзо сфатив дека заедничкото родителство не е радикално, туку е практично. Ова искуство ме натера да ги преиспитам нормите со кои пораснав: дека родителството е работа која најдобро е да ја оставиш за родителите, и дека заштитата на моите деца значи да ги држам подалеку од секого чиј стил на родителство не ми се допаѓа – вели таа.

Таа заклучила дека она што една група луѓе го смета за апсурдно, друга група го смета за многу важно, а најголемите разлики секогаш се однесуваат на воспитувањето на децата.

– Секоја земја има свои тајни за воспитување пристојни, независни деца кои спијат цела ноќ и ниедна култура не се согласува со другата – вели таа.

Еве ги најважните лекции што ги научила Лопес патувајќи низ светот и истражувајќи родителство во различни култури:

Создајте свое „село“ (Мозамбик)

Во Мозамбик зборот „мама“ не е резервиран само за биолошките родители. Се користи и за тетката која живее на истата улица, за постарите соседи кои чуваат деца додека родителите работат, или за жената која секогаш има грицки за сите деца. Овие „мрежи“ на грижа често се прошируваат низ генерации. Истите тие деца растат за да се грижат за постарите соседи кои некогаш се грижеле за нив.

– Кога се вратив во САД, ги отворив вратите за семејни вечери, празнични забави и хаос по училиште за сите што сакаа да се приклучат. Почнав да го следам мојот кварт: кој е преоптоварен со работа и има потреба од помош со децата? Не можев да го репродуцирам селото кое го видов во Мозамбик, но сфатив дека можам да основам едно, почнувајќи токму таму каде што сум – вели Лопес.

Проширете го списокот на гости (Бразил)

Во сличен дух, родителството не треба да биде приватен проект. На свадба ги каниме пријателите и семејството, но кога се раѓа бебето, одеднаш остануваме сами. Лопес смета дека тогаш треба да започнеме да го градиме своето село. Можеме да викнеме луѓе со бебиња или да дозволиме повеќе пријатели да ни помогнат кога ќе останеме сами со бебето.

Живот со пријателите (Малазија)

Тамошното племе Ибан живее во заеднички домови каде што семејствата ги воспитуваат децата, си ги делат оброците и се собираат секоја вечер. Лопес ја открила убавината на животот во близина на пријатели, што навистина прави разлика.

Оставете ги децата во шумата (Холандија)

Во Холандија родителите имаат необична практика, ги испраќаат децата во шумата за време на летниот распуст, само со батериски ламби и грицки, и тие мораат сами да го најдат патот назад дома. Целта е да се изгради отпорност и независност кај децата.

Нека бабата биде дадилка (Сингапур)

Во Сингапур, Лопес забележала дека родителите ретко ги земаат децата од училиште. Тоа речиси секогаш го прават бабите и дедовците. Тие ги носат на активности, им помагаат со домашните задачи и ги учат на вредности и дисциплина.

Извор

Поврзани написи

To top