Игротека

Писателка ги споделува животните лекции што ги научила од нејзините три деца

Писателката Џејклин Гринберг го сподели своето искуство во врска со родителството и призна дека иако е подготвена за сите обврски што ги носи, не очекувала колку навистина ќе научи од нејзините три деца.

– Пред да станам родител знаев дека ќе им бидам поддршка на моите деца, ќе ги учам како да се грижат за себе и како да се справат во светот. Она што не го очекував беше колку ќе научам од нив. Еве неколку од моите омилени лекции – пишува таа.

Посветеноста е од суштинско значење

– Иако научив да се залагам за мојот син со попреченост, не сфатив дека моите деца не ме гледаат само кога свесно ги учам. Тие гледаат цело време – објаснува Џејклин.

Таа вели дека нејзините деца брзо ѝ укажуваат кога некоја активност не е инклузивна и без проблем ја приспособуваат на нивните потреби.

– Тие, исто така, ме имитираат кога јас се залагам. Наместо да бидам фрустрирана кога некој ресторан нема лесен пристап до масата за мојот син, јас давам сѐ од себе да ги објаснам нашите потреби и да побарам сместување. Начинот на кој се справувам со предизвикот е речиси исто толку важен колку и постигнувањето на мојата цел.

Секој момент од семејното време е важен

Клучот е да пронајдете активности што сите ги сакаат и во кои секој може лесно да ужива.

Важно е и индивидуалното време

– Чувството на припадност е навистина основно за здравиот развој на децата, и физички и емоционално – вели Ивон Хансен, клинички психолог од Њу Џерси.

– Кога децата се чувствуваат како да припаѓаат, тие се со поголема веројатност да бидат мотивирани, ангажирани, внимателни и подготвени да преземаат ризици – додава таа.

– Кога е можно, ги носам еден по еден на патување или преноќување што ги одразува нивните интереси и ми дозволува да им го посветам целото мое внимание – вели Џејклин.

Секогаш растеме и се менуваме

– Моите деца секогаш испробуваат нови спортови и клубови, одлучуваат што е добро за нив, а потоа го менуваат мислењето следната сезона. Тие разбираат кои се и кои сакаат да бидат – објаснува Џејклин.

– Тие многу добро знаат дека секој расте на различен начин и со различни стапки. Растам и јас. Подготвена сум да научам за работи кои претходно не би ми биле интересни за да можам да поминувам време со моите деца. Имам повеќе трпение отколку кога бев помлада, исто така сум пофлексибилна со оглед на потребите на животот кои постојано се менуваат – заклучува Џејклин.

Извор

Поврзани написи

To top