Воспитување

Пинк смета дека нејзината 10-годишна ќерка не треба да користи паметен телефон

На едно неодамнешно интервју добитничката на „Греми“ и мајка на две деца – Пинк објасни дека во нејзиниот дом постојат правила кога станува збор за технологијата. 10-годишната Вилоу и нејзиниот 5-годишен брат Џејмисон ќе мора да почекаат уште малку пред да ги добијат своите први смартфони.

– Има светла и темна страна на технологијата и за децата и за возрасните. Што се однесува до децата, тие сè уште не ја користат. Имам 10-годишно дете кое нема својот мобилен телефон иако таа вчера ми кажа дека повеќето деца во нејзиното одделение имаат. Не ми е грижа“, изјавила таа.

Сепак, тоа не значи дека ќе ги заштити децата засекогаш.

„Не можеме да бидеме како диносауруси. Мораме некако да го прифатиме тоа и да продолжиме понатаму“, додала таа.

Пејачката верува дека технологијата е одлична за децата кога станува збор за заспивање. „Кога сакаат да слушаат приказни навечер, секако дека ќе им дозволам. Тоа им помага полесно да заспијат, да не се плашат од темнината и да не се чувствуваат осамени“, објаснила таа.

Пинк не е единствената славна мајка која е загрижена за времето што децата го поминуваат пред екранот.

Џенифер Лопез признала дека им забранува на децата да користат таблети во текот на неделата, како и да играат видеоигри.

„Тие мора да бидат добри на училиште, а потоа знаат дека неделата е резервирана за таков вид забава“, изјавила таа за магазинот „E!“

Паметните телефони, за жал, навистина се меч со две острици. Студијата на „Clinical Psychology Science“ од 2017 година покажа дека адолесцентите што поминуваат повеќе време на паметни телефони имаат поголема веројатност да пријават проблеми со менталното здравје. Експертите советуваат дека со мобилните телефони треба да се почека, за децата да станат доволно зрели и одговорни, па да можат правилно да ги користат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top