Александар и неговите другарки Андреа Трајковска и Теодора Раички твореа на тема „Историски и културни споменици во Русија“

Ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје ја претставуваа Македонија на Меѓународниот фестивал на рускиот јазик што се одржа од 28 август до 1 септември во Москва. Александар Стојановски го освои првото место на конкурсот на тема „Историски и културни споменици во Русија“, распишан од државна образовна установа за дополнително професионално образование на град Москва – Московски центар за квалитет на образование.

Александар беше во друштво на своите соученички Андреа Трајковска и Теодора Раички, кои добија сертификати за учество во финалето. Со своите наставнички-менторки Орданка Мицкова и Сандра Здравеска тие престојуваа пет дена во руската престолнина и се дружеа заедно со 24 финалисти од Европа и од Австралија.

Наставничката Мицкова доби диплома за активно учество во подготовката на финалистите за овој конкурс. Наставничката Здравеска, пак, доби диплома за активно учество во подготовката на финалистите. Директорката на училиштето, Маја Ангелова, доби диплома за целосна поддршка и организација за нашето учество на овој многу значаен фестивал.
На натпреварот во Москва му претходеше реализацијата на проектот „Изучување руски јазик од најрана возраст“ на координаторката Елена Демчик, во кој учествувале десетина ученици од истото одделение.

С.Ѓ.



912

X