Секогаш кога родителите ќе се соочат со тантрум, голем дел од нив реагираат на следниот начин: даваат „тајмаут“ или го испраќаат детето в соба, а кога детето ќе се смири, повторно се враќаат на секојдневието како ништо да не се случило. Клиничкиот психолог од „Стенфорд“, Каролин Флек, предупредува дека дури и кога детето брзо ќе се извини, тоа е направено набрзина, и дека со тој пристап се игнорира вистинскиот напор и чувства што детето ги вложило.
За целосно справување со конфликтот и за учење вештини за решавање проблеми, Флек ги предлага овие пет чекори:
Смирувачки разговор
Чекајте сите страни да се смирaт, потоа создајте тивка и утешна атмосфера (на пример, под меко ќебе или во затемнета просторија). Практикувајте пристап „Како ти го доживеа тоа?“, при што секој ја опишува својата перспектива: што видел, мислел и чувствувал, додека другата страна слуша и потврдува со разбирање.
Дозволете детето прво да почне
Ова му го враќа чувството на контрола што можеби го изгубило за време на тантрумот. Подгответе се да слушнете и погрешни толкувања. Насочете го детето да зборува за своите мисли и чувства наместо да го обвинувате за причините што вие сте ги предизвикале.

Слушајте со емпатија и останете мирни
Ако треба да коригирате детска верзија на настанот, направете го тоа така: „Можам да видам зошто тоа ти изгледаше така“. Дури и ако не се согласувате со одредени детали, потврдете го чувството на детето.
Преземете одговорност за своите постапки
Пронајдете момент за да се извините за она што сте го рекле или направиле и за што жалите. Избегнувајте фрази како „Жал ми е што ти се случи тоа“. Наместо тоа, кажете: „Жал ми е што постапив така“ и понудете начин како ќе го поправите односот или ќе го смените своето однесување.
Покажете како вие ги изразувате и разбирате чувствата
Откако детето ќе ги изнесе своите чувства и вие ќе ги потврдите, споделете и вие: „Еве како јас го доживеав тоа“. Именувајте различни емоции, но да не се само лутина, туку и тага, разочарување, страв. Потоа прашајте: „Дали тоа има смисла? Си се чувствувал ли некогаш така?“, со што на детето му давате можност да ги вежба вештините на емпатија и разбирање.