Воспитување

Пет реченици што дополнително го вознемируваат лутото дете

Воспитувањето деца е тешко, а разбирањето на желбите и потребите на детето може да биде уште потешко. Психологот Џезмин Мекој, која е специјализирана за родителство, неодамна на „Инстаграм“ предупредила на петте реченици што дополнително го вознемируваат и лутат веќе лутото дете.

„Управувањето со интензивните емоции на нашите деца понекогаш може да изгледа како одење по лушпи од јајца. Еве што да избегнувате кога зборувате со луто дете и зошто“, напишала таа во воведот.

„Диши длабоко“

На сите некој ни рекол да се смириме кога сме вознемирени и знаеме колку тоа може да биде фрустрирачко. За жал, исто е и кога ќе му кажете на вашето дете да се смири или да земе длабок здив.

„Никој не сака да се чувствува контролиран, особено кога веќе доживува интензивна емоција“, вели Мекој.

Она што е важно во моментите на лутина е да го научите детето на саморегулација. Охрабрете го детето да размислува за тоа како се чувствува.

„Што е со тебе? Зошто се однесуваш така?“

Кога детето се жали, ние не се чувствуваме добро. Но, најлошото нешто што можеме да го направиме во тие моменти е да ги преиспитуваме неговите постапки.

„Ова прашање не води до решение, често предизвикува срам и исклучување и го поттикнува детето да заземе одбранбена позиција“, тврди Мекој.

„Претеруваш! Ти сте премногу чувствителен/а!“

И ова е една од фразите што ги користиме за да додадеме масло на огнот. Наместо да му кажуваме на детето дека претерува, треба да изразиме разбирање.

„Ако продолжиш вака, нема ТВ!“

Како родители, можеме да користиме ултиматуми за да ја смириме ситуацијата, но во реалноста тие можат само да ја влошат ситуацијата.

„Не грижи се. Погледни ја позитивната страна“

Иако оваа фраза изгледа позитивна, кога детето е вознемирено, таа ќе го омаловажи и уште повеќе ќе го налути.

„Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за да го научите вашето дете да се смири е да му дадете простор“, вели Мекој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top