Воспитување

Пет работи што ветив дека нема да ги правам кога ќе имам мало дете

Многу пати се има случено додека набљудуваме други родители со нивните деца, да си кажеме дека никогаш нема да правиме исти работи како нив кога ќе имаме деца. Меѓутоа, кога ќе дојдеме на таа позиција, сосема различно ја согледуваме ситуацијата.

Кога вашето бебе е малечко, а во маркетот гледате како другите родители го игнорираат плачењето на своето поголемо дете, вие си помислувате дека никогаш нема да бидете такви родители. Сепак, треба да ви биде јасно дека сè уште не сте свесни како е да подигнете дете на таа возраст, бидејќи од вашата страна сè изгледа едноставно. Само кога ќе бидете во кожата на тие што така постапуваат ќе сфатите дека и вие би го направиле истото. Сите сме имале многу ставови и ветувања за тоа што нема да правиме.
За ова сигурно сте рекле дека нема да го правите и да му го дозволите на вашето дете кога ќе порасне:

1. Да имаш непослушно дете

Практично сите деца по втората или третата година стануваат на некој начин непослушни, и тоа најчесто се случува кога одите во некој ресторан или продавница. Секако, тие не се постојано непослушни, но некако секогаш се случува ова токму кога вие сакате да бидат мирни.

2. Да му дадете на детето сè што ќе посака

Велевте дека никогаш нема да бидете од тие мајки што на своето дете им го купуваат чоколадото зашто многу плачело. Тоа е веројатно така бидејќи сте си претпоставиле дека неговото плачење ќе трае две минути. Бидете свесни дека детето плаче, преговара за ова, веднаш штом ги отвори очите. За жал, некогаш ќе мора да му го дадете на детето тоа што го сака бидејќи ќе се исцрпите од неговото постојано жалење.

3. Да имате куќа преполна со играчки

Дали имавте совршено уредна куќа кога пристигна вашето новороденче. Сè си беше на место и лесно можевте да ги соберете бебешките играчки и да ги однесете в соба. Како што минуваат месеците, секој агол во куќата ќе биде исполнет со различни пластични играчки, коцки, автомобили и кукли, кои најверојатно ќе бидат позиционирани среде соба.

4. Да го користите телевизорот како дадилка

Колку и да ви се добри намерите, денот ќе ви започне кога ќе ја вклучите програмата со цртани филмови која ќе му го привлече вниманието на вашето дете за да можете да земете пауза или да направите појадок. Многу повеќе ќе направите за тие десет минути додека гледа телевизија отколку додека плаче и трча по вас.

5. Да го храните детето со чипс

Вашето дете ќе јаде сто отсто органска храна, нема да консумира шеќер и преработена храна, сè додека еден ден на некоја забава не проба чипс и слатки. Сега тој е во состојба постојано да ви досадува додека не добие слатки. Понекогаш ќе се изморите од постојаното плачење, па ќе му попуштите само за да ги добиете тие пет минути тишина додека не почне сè одново.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top