Минатата година мојата ќерка тинејџерка спонтано ми рече: „Мамо, не треба да ти го кажувам ова затоа што обично те мразам, но еден ден сакам да бидам иста како тебе. Ти си интересна. Смешна си и забавна. Ме почитуваш мене и моите граници“. Некаде во овој нејзин опис и моменталниот мир меѓу нас, бев убедена дека постои патоказ како да се биде најдобриот родител. Како ние како родители го наоѓаме тој пат? Како семеен терапевт, психоаналитичар, мајка и баба, моето искуство е дека следните пет работи ни даваат индикации дека сме на вистинскиот пат во родителството.

Ова се петте работи што сите одлични родители ги прават секој ден:

Се забавуваат и играат со децата

Работата на децата е да си играат. За бебето, ползењето е неговата работа. Тоа е комбинација од игра, движење и работа. Во секој родител се крие резервоар за игра, што е белег на навистина одлично родителство. Да се забавуваме и со љубов да се шегуваме заедно со децата… ова го разубавува нашето расположение, ги зајакнува нашите силни страни и ги вежба деловите од нашиот мозок кои нè прават креативни. Ни дава чувство на благосостојба! Нашите најсреќни спомени од детството се оние исполнети со забава, радост и смеа.

Ги признаваат тешките делови од родителството

Доброто родителство бара редовна самопожртвуваност – привремено или понекогаш на неодредено време. Како родители, свесни или не, сите повремено „не ги сакаме“ нашите деца. Можеби нивните ставови ни одат на нерви некогаш. Или можеби се чувствуваме малку огорчени затоа што барањата во родителството се постојани, секогаш присутни… додека не ги видиме нашите деца безбедни и изградени личности во зрелоста… Оваа идеја да признаеме дека во одреден момент не ни се допаѓа нашето дете и/или мразиме да бидеме родители е поврзана со третиот патоказ на нашиот пат да бидеме најдобрите можни родители.

Свесни се дека децата се нешто на кое треба да се работи

Современиот психоаналитичар Томас Лино вели: „Детето на денешницата треба да биде успешен готов производ. Се нема свесност дека детето е континуирана работа. Натпреварувачката етика доминира во денешницата, што предизвикува детето да се чувствува осамено. Според оваа етика, да се биде здраво значи да се биде и успешно дете. Бидете подобри од другите.

Кога ја прашав ќерка ми што сака да каже со тоа кога рече дека ја почитувам неа и нејзините граници, таа одговори: „Па, толку многу деца на училиште се исцрпени, мамо. Ти секогаш слушаше што имам да кажам за тоа што можам и што не можам да направам“. Познавањето на границите, поставувањето граници, почитувањето на границите нè смирува, ја намалува нервозата и нè подмладува како деца (а подоцна и како возрасни). Тоа е уште еден белег на одличното родителство.

Водат неверојатна грижа за себе

Можеме да го направиме за другите само она што можеме да го направиме за себе. Многу често ние, родителите, се чувствуваме виновни кога одвојуваме време за себе. Понекогаш вината се засилува со туѓите осудувања. Ако се осудуваме и критикуваме себеси, тогаш сме осудувачки и критични и кон другите, вклучително и нашите деца. Колку поредовно ја вградуваме грижата за себе во нашите распореди (т.е. медитација, вежбање, грижа за убавина, социјални собири итн.), толку повеќе се чувствуваме обновени и силни за да го правиме она што се бара од нас како родители. Дополнително, со примерите на грижата за себе, ние сме и доживотни модели за нашите деца, за тоа како изгледа здравиот однос кон себеси.

Учат од своите грешки

На почетокот на мојата обука како психоаналитичар, еден колешка видно вознемирена се упати кон нашата група. Нашиот аналитичар за обука, се сврти кон неа и ја праша што се случува. Таа почна да плаче и рече: „Само што разговарав со ќерка ми која е тинејџерка. Ме прашуваше за контрацепција. Многу се потресов. Идејата дека мојата 15-годишна ќерка, моето единствено дете, е интимно со некого…“ Сите седевме во тишина.
„Софи“, рече д-р Лав, „ти си клинички психолог и родител. Како родители (па дури и со нашите пациенти) некогаш се наоѓаме во неочекувани виори на чувства. Мислиш ли дека си првиот родител што направил грешка со своето дете?“ Тој се насмевна и ја погледна групата. „Често грешиме. Грешките се едни од нашите најдобри алатки за учење. Кога правиме грешки со нашите деца и со нашите пациенти и учиме како да ги исправиме, ги правиме нашите деца и пациенти подобри“.

Имајте доверба во вашето родителство затоа што се грижите да бидете добар родител! Верувајте дека заедно со вашето дете секогаш ќе си помагате едни на други, за да знаете што функционира, а што не во вашиот однос… и потоа, се разбира, што да сторите за да ги подобрите работите. Затоа, честитки затоа што сте најдобриот родител кој можете да бидете во моментот.

Автор: Мелани Мекграт

Извор



912

X