Грижа за себе. Кога го читаме ова, некои од нас (читај: родителите) веќе кимаат со главата во знак на одобрување и знаат дека ова е нешто што е толку важно што не треба да се занемари, без оглед на формата во која се појавува и се спроведува. Други ќе речат дека најважно е да го дадеме најдоброто од себе за нашето семејство, а особено за нашите деца, а грижата за себе… ако се стигне.
Сепак, честопати тоа се сведува на фактот дека едноставно немаме време да се грижиме за себе. Обично ја даваме целата наша сила, енергија, време и добра волја за нашето семејство, а во денешно време ако и работата, храната, обврските ги „протнеме“ во само 24 часа – веќе сме исцрпиле сè што сме имале, па и повеќе. Но, мора некако да вметнеме време за себе во тие 24 часа, бидејќи тоа време е од суштинско значење за нашата среќа.
Она што треба да го научиме е дека грижата за себе не е себична. Еве 5 работи што ги прават среќните родители – и не се чувствуваат виновни за тоа.
Вклучуваат мали моменти на радост во дневната рутина
Наместо да гледате вести, сите тие темни прогнози, расправии и слично, подобра опција е да слушате поткаст што ви одговара, таков што ќе има позитивен ефект врз вас. Организирајте танцова вечер со вашите деца, уживајте во пиењето какао заедно, гледајте серија или филм со нив што тие го сакаат. Уживајте во тоа да бидете родител без никакви дополнителни обврски во тој момент.
Вежбаат редовно, одат на час по јога или сесија за истегнување
Дури и ако немате време, пари или енергија за редовен час по јога, не мора да се откажувате. Поставете ја вашата подлога, вклучете видео и правете го тоа дома. Влијанието врз вашето расположение е неизбежно – и можеби ќе бидете изненадени колку е позитивно. Вежбањето го намалува стресот. Накратко. Без разлика дали станува збор за еден час во сала или само 10 минути на подот во дневната соба, комбинацијата од движење, вежби за дишење и медитација има придобивки за менталното здравје.

Користат апликација за медитација
Ако не можете да се натерате да направите нешто за кое знаете дека ќе ви биде добро, постојат апликации што можат да ви помогнат. Покрај сите бесмислени апликации што ги користиме денес, зошто да не ја користите оваа за да се „натерате“ да правите нешто додека не ви стане навика. Истражувањата покажуваат дека кратката дневна практика на медитација и внимателност со користење апликација може ефикасно да го намали стресот во нашиот секојдневен живот. Само за неколку минути на ден можете да изградите позитивни навики и да се чувствувате подобро.
Седат сами во автомобилот пред да одат да го земат своето дете
Трчаат од дома до работа, до градинка, до училиште, до активност и напред-назад цел ден… не многу родители навистина го сакаат и ценат таквиот секојдневен живот. Пред да излезете од автомобилот, пред градинка, училиште или каде било, пред да го земете вашето дете, одвојте пет минути – да дишете и да ги преуредите вашите мисли и чувства. На овој начин ќе бидете во сосема поинакво расположение кога ќе се сретнете со вашето дете. За да ги научиме децата на важното регулирање на емоциите, прво мора да знаеме како да го направиме тоа самите.
Почестете се со долга, луксузна бања
Знаете колку децата ја сакаат кадата со меурчиња! Истото важи и за вас. Кога децата ќе заспијат, направете си за вас! Распоредете сè околу кадата како што сакате – можеби имате таков послужавник каде што можете да ставите книга, свеќа, колаче… Не мора да трае долго, може да биде само 10 минути. Ќе се чувствувате посвежи.
Автор: Наташа Крстичевиќ