Воспитување

Пет особини на родителите кои поставуваат здрави граници

Родителството е поврзано со наоѓање рамнотежа помеѓу љубовта и дисциплината, а таа рамнотежа најлесно ја наоѓаат родителите кои знаат како да постават јасни граници, а воедно да останат нежни, достапни и грижливи. Поставувањето граници не значи да се биде строг, напротив, децата кои имаат граници поставени со почит честопати се чувствуваат побезбедно и поблиски со своите родители. Подолу се наведени клучните карактеристики на родителите што успеваат во ова.

Јасна комуникација

Родителите што успешно поставуваат граници користат едноставен и јасен јазик. Наместо нејасни закани или наредби, тие објаснуваат што очекуваат и зошто. Потоа децата подобро ја разбираат целта на правилата и чувствуваат дека учествуваат во нивното носење.

Доследност

Децата ги тестираат границите, но доследноста им дава чувство на сигурност. Кога родителите реагираат слично на непосакуваните однесувања секојпат, децата знаат што да очекуваат, а тоа им помага да развијат саморегулација.

Емпатија и топлина

Границите можат да се постават и со љубов. Наместо да казнуваат, овие родители нудат сочувство:

-Знам дека си лут затоа што не можеш да излезеш во моментов, но правилото е прво да си ја завршиш домашната задача“.

Емпатијата му покажува на детето дека неговите чувства се важни, дури и кога на однесувањето треба да му се даде насока.

Активно слушање

Родителите што го слушаат своето дете, подобро ги разбираат неговите потреби и причините за неговото однесување. Ова им овозможува да ги приспособат границите на потребите и ситуацијата за развој, но исто така и да избегнат непотребни конфликти.

Тие признаваат грешки

Никој не е совршен. Родителите што знаат да кажат „Извини, згрешив“ го учат своето дете на важна животна лекција, одговорност и понизност. Ова дополнително ја зајакнува врската полна со меѓусебно почитување.

Психолозите истакнуваат дека границите се основа на емоционалната безбедност. Вака им даваме до знаење на нашите деца: „Те сакам и сакам да те заштитам“. На тој начин децата развиваат самодисциплина, самодоверба и подобри социјални вештини.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top