Воспитување

Пет одлични начини за одењето на спиење да стане полесно

Се сеќавате ли колку им било тешко на вашите родители да ве убедат да одите на спиење? Тогаш било забавно – но сега кога вашите деца го прават тоа, воопшто не е интересно…

За време на летниот распуст нивната рутина за спиење не била толку голем проблем бидејќи можеле да спијат до доцните утрински часови, но сега кога учебната година почнува, повторно е време да се воведе ред во распоредот за спиење. Има многу, многу причини зошто децата не сакаат да спијат (сите деца се различни!), а ова се само неколку од нив.

Многу работи се случуваат одеднаш

Сосема е јасно дека не можете да ги завршите сите задачи во исто време кога вашите малечки одат в кревет – сепак, обидете се да создадете впечаток дека денот се ближи кон крајот. Доколку најмалите имаат впечаток дека ќе пропуштат нешто посебно затоа што ќе одат да спијат, тоа само ќе ја комплицира целата ситуација.

Тие се премногу уморни или воопшто не се уморни

Да се ​​погоди точното време кога вашите деца се подготвени да спијат е многу комплицирано и може да се смета за вистинска уметност, но тоа е уметност што треба да се совлада што е можно поскоро за да се зачува разумот. Децата не сакаат да спијат дури и кога се премногу уморни или кога, се разбира, не се доволно уморни и оваа ситуација треба да се сфати многу сериозно.

Периодот на приспособување не е доволно ефективен

Можете ли да заспиете по неколку минути гледање возбудлива ТВ-серија или водење интригантен разговор? Не? Па, ниту вашите деца не можат – поради тоа, рутините пред спиење се многу важни. Погрижете се преодниот период од ден во ноќ да биде доволно очигледен и ефикасен.

Децата се нервозни, под стрес и се вознемирени

Иако можеби мислите дека вашите деца немаат причина да бидат под стрес, тоа всушност е многу далеку од вистината. Децата често се под стрес исто како и возрасните, но секако од различни причини. Проблемите на училиште, проблемите со пријателите и другите грижи кои не ни изгледаат важни ги спречуваат децата да одат на спиење.

Сакаат да ја зацврстат својата независност

За да стекнат независност, многу е важно децата сами да почнат да го одредуваат времето кога ќе спијат, а тоа секако предизвикува многу проблеми во вечерните часови. Се разбира, не можете да им дозволите да одлучат во колку часот ќе спијат, но можете да им дозволите да направат некои други избори за нивното спиење. Дозволете им да ги изберат пижамите што сакаат да ги облечат, приказната што сакаат да им ја прочитате или цртаниот филм што сакаат да го гледаат, но не правете компромиси за пред спиење.

Пет одлични начини да го олесните одењето на спиење

Утврдувањето на причините зошто вашите деца не сакаат да спијат е само првиот дел од решавањето на проблемот. Тогаш кога ќе знаете што се крие зад тој одбивен однос кон спиењето ќе можете да се фокусирате на подобро решение и за вас и за вашето дете.

Не попуштајте

Ова е можеби единствениот најважен совет кога станува збор за рутините за спиење – но, исто така е и најтешкиот совет за следење. Откако ќе попуштите, сте направиле три чекори назад и ќе ви треба долго, долго време за повторно да почнете да ги следите правилата. Бидете нежни, но цврсти – ова обично функционира добро кај децата.

Смислете добра рутина за пред спиење

Рутините пред спиење се исклучително важни и ќе му помогнат на вашето дете многу полесно да премине од фазата ден во фазата ноќ. Тоа може да биде убава, топла бања со меурчиња, кратка приказна или само едноставен, тивок и релаксирачки разговор за поминатиот ден на вашето дете.

Држете се до фиксното воспоставено време

Промената на времето за спиење во викендите и празниците е голема грешка, што за жал ја прават многу родители. Ова е сосема разбирливо – распоредот често се менува без разлика колку е планиран во тие денови и едноставно станува полесно да ги оставите децата да си легнат подоцна. Но, тоа значи дека ќе треба повторно да го одредите времето за одмор.

Креветот нека им биде што е можно поудобен

Многу е поубаво да заспиете во удобен, чист и мек кревет што мириса добро – така што, ако се погрижите вашето дете да има душек и перница со одличен квалитет, постелнината да биде мека и чиста и собата да е добро проветрена, би можеле да најдете решение за проблемите со спиењето на вашите малечки.

Не правете споредби и не очекувајте премногу

Многу е лесно да се најдете во ситуација да ги споредувате вашите деца со други деца на слична возраст. Но, мора да бидете свесни за фактот дека другите родители обично не споделуваат сè, па затоа нема потреба да се оптоварувате себеси или вашето дете со слика на мирно заспано дете, што всушност не постои во реалноста.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top