Воспитување

Пет начини како да постапите кога детето не сака да заспие

Одењето во кревет и заспивањето некогаш беше смирена активност, а сега е период од денот во кој најмногу стравувате. За среќа, има неколку стратегии што ќе ви помогнат во справувањето со неспиењето на детето и неговите изливи на бес.

Сè што му требало на бебето било бањање пред да оди во кревет, шишенце со млеко и 20-ина минути цртан филм. А сега, по 2 години, вашето дете никако не се смирува за да заспие. Ова е честа појава кај децата на таа возраст, а предизвикана е од неподготвеност да им се стави крај на активностите, желбата да се утврди авторитетот или едноставно од исцрпеност. Сето тоа е во ред, но кога цел ден го поминувате наоколу трчајќи по малечко дете или пак сте имале стресен ден на работа, со нетрпение го чекате времето за спиење.

1. Започнете со смирување

„Дајте вербални предупредувања дека активностите се при крај – Само уште еден круг – овој трик функционира“, вели Вики Досон, основач на „The Children’s Sleep Charity“. Тоа ќе помогне детето да сфати дека времето за спиење се приближува. Обидете се со информативни картички со слики за да го потсетите детето што ќе се случи следно. На пример, слика од вечера, проследена со слика од бањање, а потоа играчки.

2. Рутина, рутина, рутина

Како бебињата, така и малите деца навистина напредуваат со воведена рутина. Тоа се едноставни работи како читање приказна пред спиење или пеење на омилената песна – ако тоа го прават секоја вечер, тогаш ќе се научат да ги препознаваат сигналите дека се приближува времето за спиење.

3. Смирете се и одете во кревет

Вклучете го вашето дете во смирувачки активности пред спиењето. „Масажа по бањање проследена со приказна или песна пред спиење, е одличен начини за релаксација“, вели Вики. Музиката, пак, е одличен начин за децата да се опуштат пред да заспијат.

4. Листа со активности на детето

Дајте му на детето задачи пред да оди во кревет, доста пофалби за комплетирање на задачите, на пример, враќање на играчките на своето место и миење на забите. Не само што овие работи ќе ја зајакнат рутината, туку детето ќе се радува на овие активности пред спиење. Добро, можеби радување е преголем збор, но знаете на што се мисли.

5. Попуштете му малку

Ако сте излезени, на пример, со Рајан Гослинг, ќе бидете разочарани што вечерта се приближува до својот крај. Така и вашето дете се чувствува вознемирено што неговиот забавен ден веќе завршува. Дајте му до знаење дека разбирате како се чувствува и уверете го дека истото повторно ќе го прави следниот ден. За жал, тој следен ден нема да биде состанок со Рајан Гослинг за вас…

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top