Воспитување

Пет начини да се справите со стравовите и грижата за децата

Трепкав лежејќи во темнината, слушајќи го мојот сопруг како дише. Тој одамна заспал, но иако и јас бев преморена, не можев да подлегнам на сонот што очајно ми требаше. Постојано си замислував ужасни сценарија во мојата глава: ќерка ми паѓа од балконот на нашиот стан, не се буди наутро, ми се лизнува од рака и истрчува пред камион, или паѓа од мост и е понесена од струјата на водата… Знам, ретки и донекаде застрашувачки стравови. Но, мојата глава постојано размислуваше за овие работи и моето срце се кршеше секогаш кога умот ќе ми отидеше во таа насока.

Новите мајки ги имаат овие стравови, но јас ги имав и кога моите деца пораснаа и одеа на училиште. Се грижев за нивната безбедност кога беа далеку од мене и лежев будна прашувајќи се дали доволно добро сум ги научила како да се справат со какви било опасности што може да ги демнат на игралиштето или во училишниот тоалет. Полудував! По долго размислување сфатив дека не сум сама во овие стравови, но има работи што можев да ги направам за да си помогнам да поминам подобро. Работам на тоа и функционирам подобро. Еве 5 начини на кои и вие можете да го спречите стравот кој се појавува кај мајките.

Запрашајте се: Што е најлошото нешто што може да се случи – и колку е веројатно да се случи?

Понекогаш, со решавање на најлошото сценарио – на пример, вашето дете да излета пред автомобилот што доаѓа од спротивната страна – можете да ја препознаете малата веројатност да се случи такво нешто. Секогаш го држите за рака, а вашето дете веќе научило да не брка топки на улица. Одвивањето на овие сценарија во главата ни помага да се увериме во нашите способности во застрашувачки ситуации и тие ни помагаат да се подготвиме за ретки случаи кога може да се појават. Во ред е да му дозволите на вашиот ум да оди таму ако разработува планови за игра и решава кризи пред тие да се случат. Знаејќи дека сме подготвени да се справиме со заканувачки ситуации, може да помогне и да го направи стравот помалку интензивен.

Разговарајте за тоа

Одржувањето на внатрешниот страв на мајката понекогаш предизвикува тој да расте. Кога веќе не можам да издржам, зборувам со мајка ми или со сопругот. Обично кога ѝ ги кажувам стравовите на мајка ми, тие звучат малку откачено и тоа ги прави помалку моќни. Исто така, мајка ми и сопругот одлично ги отфрлаат моите стравови и ме уверуваат во моите способности. Дали има некој на кој му верувате за да ви помогне да ги ставите вашите стравови под контрола? Ако овие стравови станат толку лоши што ќе го попречуваат нормалното функционирање во текот на денот, можеби е време да разговарате со професионалец.

Свртете ја ситуацијата на позитивно

Ако се задржите на најлошите сценарија или се грижите за тоа што ќе се случи, може да ви се сврти во главата. Ако се обидувате да заспиете, избројте ги сите добри работи што се случиле тој ден. Наведете ги сите благослови што ги имате во вашиот живот. Ако мајчинските стравови доаѓаат во текот на денот, обидете се да го превртите прекинувачот така што во дневник ќе ги запишете работите за кои сте благодарни. Гледањето на списокот во писмена форма може да помогне да се балансира тежината на вашите стравови.

Добро подгответе ги

Како што бебињата се претвораат во мали деца, а малите деца во поголеми деца, често прегледувајте ги безбедносните процедури – од внимателност при допир со детергенти и средства за чистење до невлегување во автомобил на непознат човек. Ако добро ги подготвиме нашите деца, тоа ќе ни ги олесни стравовите што се појавуваат додека децата растат. Учењето да не допираат пчела и потсетувањето да не ја преминуваат жолтата линија на платформата за јавен сообраќај им дава алатки на децата да останат безбедни додека растат и да добијат поголема автономија.

Предајте му ја грижата на Бога – имајте верба

Понекогаш не можам да заспијам навечер, па ме фаќа грижа за едното или за другото дете. Во тие моменти, се обидувам да се сетам да му ги препуштам грижите на Бога. Вербата треба да ја пополни дупката што ја создаде загриженоста. Досега тоа ми помогна да си го најдам мирот.

Автор: Мери Џо Вајс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top