Воспитување

Пет клучни теми за кои родителите треба да разговараат со тинејџерите

Во оваа бурна фаза од адолесценцијата децата поминуваат низ физички и психолошки промени. Тие се многу љубопитни и сакаат да истражуваат и да пробаат сè. Затоа, важно е родителите да воспостават отворена комуникација во тој период. Ова се пет клучни теми за кои сите родители треба да разговараат со своите деца.

Нивните цели

Родителите треба да иницираат дискусија за интересите и потенцијалните кариери на нивните тинејџери. Важно е разговорот да биде отворен и да се фокусира на нивните аспирации, а не на очекувањата на родителите.

Романтични односи и врски

Треба да ги предупредиме децата за сложеноста на романтичните врски, нагласувајќи ги аспектите како што е, на пример, почитта и слично. Клучот е да се создаде безбеден простор за разговор, за децата полесно да се доверат или да побараат совет. Исто така, важно е да ги предупредите за токсичните врски.

Притисок од врсниците

Важно е да ги научите децата како да се залагаат за себе. Треба да им ја зајакнеме самодовербата за да не се плашат да кажат „не“. Ова ќе ги подготви ефикасно да се справат со притисокот од врсниците.

Ментално здравје

Безбедната средина е од суштинско значење за отворените разговори. Тинејџерите треба да се чувствуваат удобно кога зборуваат за анксиозност, стрес или депресија. Ако разговорите за менталното здравје се нормализираат, на децата ќе им биде полесно да се отворат или да побараат помош.

Биолошки промени и сексуално здравје

Родителите треба да овозможат отворени дискусии за пубертетот, изгледот на телото и сексуалното здравје. Иако на некои можеби им се непријатни таквите разговори, важно е децата да бидат информирани.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top