Како психолог и автор на детска литература, во мојата практика секојдневно произлегуваат потреби во кои ние возрасните треба да станеме креативни и вешти во комуникацијата и односот со децата.

Често пати на моите советувања се разработува емоцијата лутина кај предучилишни деца, па за родителите таа емоција кај децата станува вистински предизвик.

Откако ќе му објасните на вашето дете што значи да се биде лут, како изгледа лутината, што му прави на телото, лицето, рацете и нозете, каква боја има таа, дали изгледа како еден пожар кој треба да го изгасиме, потребно е да го научиме дека емоцијата е поврзана со некаква причина. Во тој контекст многу е важно детето да научи да се изразува со „Ме налути…“ наместо само да ѝ се препушти на емоцијата.

Јас сум семафор

Кога сум лут

секогаш стојам на црвено.

Ме налути Мила

ми ја зеде играчката,

па сега се преместив на жолто.

Мама ме научи да си одбројувам

до десет и наназад и затоа

сум спремен да тргнам на зелено.

Оф, колку само е убаво да знаеш

што те налутило.

Јас сум семафор

Кога сум лут

секогаш стојам на црвено.

Ме налути…,

ми….,

па сега се преместив на жолто.

Мама ме научи да си одбројувам

до десет и наназад и затоа

сум спремен да тргнам на зелено.

Оф, колку само е убаво да знаеш

што те налутило.



912

X