Стремежот кон совршенство може да изгледа како позитивна особина – и кај децата и кај возрасните. Но, поради перфекционизмот, децата нема да станат успешни возрасни. Децата кои се перфекционисти обично се крајно самокритични и се вознемируваат поради можноста да направат некаква грешка.
„Таквите деца поставуваат премногу високи стандарди или чувствуваат притисок да бидат совршени“, вели професорката по психологија Алисон Батлер.
Нејзиниот совет до родителите е да им помогнат на своите деца да го реконструираат начинот на кој размислуваат за грешките. Тие треба да научат да ги гледаат грешките како можности за учење.
Преобликувајте го начинот на кој децата гледаат на грешките
Во своите предавања Батлер предава дизајнерско размислување, методологија за решавање проблеми или смислување идеи. Тоа вклучува истражување на проблемите, размислување за решенија и барање повратна информација за зајакнување на тие решенија, пред нивната примена.
„Ова е методологија која е сосема спротивна на начинот на кој би сакале да работат перфекционистите. Тие би сакале да завршат сè, пред да повикаат некој да дојде да го види нивното решение“, истакнала Батлер.

Таа наведува дека родителите можат да го користат овој концепт за да им помогнат на своите деца да бидат помалку загрижени за можните грешки.
Таа, исто така, предлага отворено да разговараме со децата за грешките што сме ги направиле ние за да ги научиме дека е сосема нормално да се прават грешки.