Ликовите од детските цртани имаат влијание врз вашите деца и надвор од телевизиските екрани. Имено, тие често се користат во маркетиншки цели, особено за продажба на нездрави намирници. Всушност, „Патролни шепи“ и „Пепа прасе“ се прогласени за најлоши во однос на промоцијата на нездрави производи за децата, пишува британски „Телеграф“.
Како што покажало истражувањето на лондонскиот универзитет „Квин Мери“, повеќе од половина производи на кои се истакнати ликовите од детските цртани содржат значително високи нивоа на маснотии, сол и шеќер.
Некои од примерите се чоколадните плочки „кинертон патролни шепи“, кои содржат дури 60 отсто шеќер и 17 отсто заситени масни киселини, но и грицките „пепа прасе кенди“, кои содржат неверојатни 99 проценти шеќер! Всушност, тие два производи во ова истражување се прогласени за најлоши примери, но и други може да се „пофалат“ со нездрав состав.
– Неверојатно е тоа што компаниите го искористуваат здравјето на нашите деца ставајќи ги нивните омилени анимирани ликови на нездрави пијалаци или производи полни со шеќер. Познато е дека децата на таквата амбалажа тешко можат да ѝ одолеат. Треба ли навистина да ги заведуваат да ги купат тие производи и да им додеваат на родителите, па на крај тие им ги купуваат – се прашува научникот д-р Котер Хашен.
фотоизвор: Youtube screenshoot
Со ова истражување се анализирани околу 500 различни производи, а повеќе од половина од нив би можеле да добијат забрана за рекламирање во текот на прикажувањето на детските цртани и емисии бидејќи се премногу нездрави. Освен тоа, неверојатно сознание е дека ова истражување покажало дека само 18 производи што на амбалажата имаат втиснато некои од препознатливите ликови од анимираните филмови се здрави за консумација.
Експертите се согласуваат дека голем број од ваквите производи може сериозно да го загрозат здравјето на децата, а поради високото присуство на шеќер, им се закануваат и дебелина и дијабетес тип 2. Исто така, лошо влијаат и врз забите, го зголемуваат крвниот притисок, а може да предизвикаат и многу други здравствени проблеми.