Воспитување

Пејчката Кели Кларксон нема ништо против удирањето на децата

Кели Кларксон откри дека не е против удирањето кога станува збор за дисциплинирањето на нејзините две мали деца.

„Јас не сум против удирањето, што не значи дека луѓето мора да се согласуваат и да го применуваат тоа“, изјавила пејачката и мајка на две деца, на возраст од 3 и 1, во неодамнешно интервју за 94.1 во Атланта, Џорџија.

„Не мислам на силно удирање и насилство. Мислам само на шлапнување“, додала таа.

„Моите родители ме удираа, и јас поминав добро во животот, и се чувствувам добро поради тоа, па исто постапувам и јас“, рекла Кларксон.

„Тоа е незгодна работа кога сте излезени во јавност, затоа што тогаш луѓето мислат дека тоа е погрешно, но јас не наоѓам ништо лошо во удирањето“. „Ја предупредувам“, додала Кларксон за дисциплинирањето на нејзината 3-годишна ќерка Ривер Роуз со удирањето. „Јас велам: Ќе те тепам ако не престанеш сега, ова е недозволиво, и искрено навистина ми помогна тоа. Таа не прави такви работи толку често“.

Американската академија за педијатрија препорачува родителите „да не ги тепаат децата или да користат други физички казни“ кога ги дисциплинираат децата во изјава на нивната веб-страница. „Тоа само ги учи на агресивно однесување и станува неефикасно ако често се користи“, смета ААП.

„Наместо тоа, користете соодветни тајмаути за малите деца“, додаваат. „Дисциплинирајте ги постарите деца со привремено отстранување на омилените привилегии, како што се спортски активности или играње со пријателите. Ако имате прашања во врска со дисциплинирањето на вашите деца, разговарајте со вашиот педијатар“.

Меѓутоа, една анкета од 2016 година од консултантската фирма „Галуп“ покажала дека 62 отсто од американските родители го одобруваат тепањето на децата.

Кларксон изјавила дека верува оти има „фина линија“ кога станува збор за удирањето, но за радиостаницата од Рочестер изјави: „Верувам во удирање и неговиот ефект, па може да ме фатите како го тепам моето дете во зоолошката градина“.

Автор: Кетрин Торбек

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top