Татковци, колку пати сте се нашле во ситуација на паника кога на детето требало да му се смени пелената, а не сте знаеле каде да го направите тоа? Како татко на две деца, со тој проблем многу пати се соочил и познатиот пејач Џон Леџенд, па затоа одлучил да се заложи за маси за преслекување бебиња и во машките јавни тоалети.
– Времето поминато со децата е скапоцено и за мене е една од најголемите радости во животот. Но, ужасно е фрустрирачки кога сум со Мајлс, а машките тоалети немаат маса за пресоблекување. Тоа е нешто што навистина ни е потребно за да бидеме успешни татковци – истакнал Џон, татко на едногодишниот син Мајлс и тригодишната ќерка Луна, кои ги доби во бракот со познатата манекенка Криси Тајген.
Погледнете ја неговата објава на Инстаграм.
Фото: Инстаграм
Целата приказна, всушност, ја почнал Донте Палмер, татко кој објави фотографија од машки тоалет каде што клекнат му ја менува пелената на својот син.
– Ова е сериозен проблем. Зошто немаме маси за пресоблекување бебиња во машките тоалети? Како да не постоиме! Овој проблем мора да се реши – напишал Палмер на својот инстаграм-профил.
Интересни се резултатите од истражувањето спроведено во осумдесеттите години кое покажало дека дури 43 отсто од татковците никогаш не му ја промениле пелената на своето дете. Денес тој податок има бројка од само 3 отсто. Пофалби за татковците.