Во неодамнешно интервју 44-годишната пејачка потврди дека посвоила две 18-годишни момчиња кои наскоро нема да имаат право да бидат згрижени во старателски семејства.
– Минатата година посвоив два сина. Двајцата имаа 18 години, а сега имаат 19 години. Се ближеше периодот кога го губеа правото за дом со старатели. И да, ги обожавам – изјави таа.
Ова е неверојатен чекор. На овие момчиња им бил потребен дом, а таа можела да им го обезбеди.
Во интервјуто поп-ѕвездата сподели како живее во текот на пандемијата, споделувајќи дека на еден од нејзините синови му е тешко да се приспособи на животот дома без да ги види своите пријатели и без да може да излезе.
– И за двајцата е прилично тешко. Но и двајцата прават корисни работи во моментов – вели таа.