Игротека

Педијатар ги открива знаците што покажуваат дека детето оди предоцна на спиење

Ако секоја вечер се претвора во борба околу легнувањето на децата, не сте сами. Многу родители се соочуваат со деца што упорно одбиваат да заспијат, но можеби причината не е нивната тврдоглавост, туку легнувањето предоцна.

Повеќето родители добро ја познаваат вечерната битка, особено кога надвор сè уште не се стемнило целосно, а децата од соседството сè уште се играат. Иако понекогаш е тешко да се стави крај на денот, квалитетниот сон е клучен за правилниот развој и добро расположение и кај детето и кај родителот.

Дали вашето дете оди на спиење предоцна и како тоа да го препознаете?

Д-р Кетрин, пензиониран педијатар, бабица и мајка на четири деца, ги споделува седумте главни знаци кои откриваат дека на вашето дете му е потребно порано да легнува.

– Проѕевањето и раздразливоста се знаци на замор – предупредува д-р Кетрин и ги советува родителите порано да ги препознаваат сигналите на умор за да ја избегнат вечерната драма околу легнувањето.

Седум знаци дека детето оди на спиење предоцна

Тешко се буди наутро;
Се буди во текот на ноќта;
Покажува хиперактивност пред спиење;
Се бори против сонот и одбива да легне;
Има лошо расположение во текот на денот;
Се фрустрира без очигледна причина;
Почнува да месечари (кај некои деца).

Ако препознавате неколку од овие ситуации, многу е веројатно дека времето за легнување е поставено предоцна.

Рани знаци на замор (пред да почне да се проѕева)

Одеднаш станува нервозно или бара повеќе внимание;
Го губи интересот за игра;
Има испади на бес без вистинска причина;
Станува несмасно и се сопнува;

Д-р Кетрин препорачува ако родителите ги забележат овие знаци, да се обидат следната вечер да го поместат легнувањето 30 минути порано.

– Само половина час порано може да значи помалку расправии околу спиењето, повеќе сон за детето и поубави утра за целото семејство – советува докторката.

Извор

Поврзани написи

To top