Здравје

Педијатри откриваат колку вода треба да пијат децата

Исто како возрасните, и на децата им треба многу вода за нормално функционирање на нивното тело. Сепак, честопати може да биде тешко за родителите да проценат колку вода му треба на нивното дете за да остане хидрирано, па педијатрите создале водич што може да ви помогне да дознаете колку вода треба да пие вашето дете врз основа на возраста.

Зошто децата треба да пијат вода?

Водата е од суштинско значење за одржување редовни движења на дебелото црево и помага во спречување инфекции на уринарниот тракт и камења во бубрезите. Овозможува и регулирање на телесната температура. Имено, кога нашите тела се загреваат, поради високите температури или физичка активност, мозокот ги предупредува потните жлезди да произведуваат пот.

Ако детето не пие доволно вода во текот на денот, неговото тело се лади со испарување на потта од кожата. Меѓутоа, ако е дехидрирано, не се јавува неопходното потење, што на крајот доведува до слабеење на имунитетот и децата потоа се поподложни на болести.

Колку вода да пијат дневно?

Кога станува збор за количината вода, експертите се согласни. „Препорачуваме родителите да им даваат на своите деца вода колку што е соодветно за нивната возраст. Важно е да се напомене дека децата треба да пијат вода колку што е нивната возраст, на пример, едногодишно дете треба да пие една чаша вода дневно, двегодишно дете треба да пие две чаши и така натаму. Децата од осум години и постари треба да консумираат во просек околу два литра вода дневно. Овие количини не вклучуваат други пијалаци што можат да се консумираат во текот на денот, како што се млеко и сок“, според педијатрите од Детската болница во округот Оринџ, САД.

Исто така, педијатрите нагласуваат дека некои други правила важат за деца под една година. Со други зборови, предупредуваат дека на бебињата до шест месеци не треба да им се дава вода. Ако доите, бебето ќе добие доволно вода од млекото, а истото важи и за бебињата што пијат вештачко млеко.

На возраст од шест до 12 месеци, односно кога детето ќе почне да јаде цврста храна, доволно е да му дадете околу половина чаша вода.

Вода според тежината

Иако повеќето експерти препорачуваат користење на возраста како примарен критериум за малите деца и помлади деца, тежината може да биде корисна метрика при одредување на внесот на вода за постарите деца и тинејџерите. Кога станува збор за тежината, општо правило е дека треба да се обидете да пиете околу 30 милилитри вода за секој килограм тежина. На пример, ако вашето дете тежи 50 килограми, треба да пие околу осум чаши вода дневно.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top