Почна сезоната на настинки, грипови и кашлици, па педијатарот д-р Нив Линч сподели домашен лек против кашлица кој ќе им биде од голема помош на многу родители во текот на наредните месеци.
Педијатарот сподели видеорецепт за овој сируп на својот инстаграм-профил наведувајќи дека сирупот е безбеден и ефикасен. Станува збор за смирувачки напиток кој содржи мед, за кој педијатарот вели дека е докажано ефективен како сирупите за кашлица со лекови за деца. Освен тоа, овој сируп содржи каранфилче, кое има антибактериски и анестетички својства и помага при болки во грлото.
Еве како да го приготвите сирупот:
Потопете неколку каранфилчиња во врела вода и оставете ги 5 до 10 минути. Во друга шолја исцедете ја водата во која стоеја каранфилчињата. Додајте 1-2 лажички мед и добро измешајте. Изладете го доволно за детето да може да се напие.
Доколку сакате, можете да додадете малку сок од портокал или лимон за подобар вкус.
Педијатарот наведува дека рецептот е само за деца постари од една година бидејќи медот може да предизвика ретка, но сериозна болест позната како инфантилен ботулизам кај бебиња помлади од 12 месеци.
Покрај тоа, таа советува да се консултирате со лекар ако симптомите продолжат или сте загрижени за вашето дете.
912