Педијатарот и татко на седум деца, д-р Мајкл Милобски, има моќна порака за родителите: Научете ги постапките за спасување при задушување. Тоа е токму она што некогаш му го спасило животот на неговото дете.
Д-р Милобски во видео на „Тик-ток“ вели дека постапката при задушување е најважната вештина што родителите треба да ја знаат. Во својата долга кариера и живот со седум деца, тој само еднаш морал да ја користи техниката – и тогаш му го спасил животот на своето петто дете.
-Без да го знаев ова, ќе беше готово – рекол тој.
Тој додал дека родителите честопати се грижат кога децата ќе паднат или ќе голтнат предмети, но не размислуваат за задушување сè додека не се случи. А последиците можат да се случат за само неколку секунди.
Како да постапите правилно
Во видеото тој ги демонстрира точните чекори користејќи кадифена играчка:
-Не ставајте прст во устата на вашето дете освен ако не можете јасно да го видите предметот. Во спротивно, може да го турнете подлабоко.
-Ако вашето дете кашла или испушта звуци, дозволете му да продолжи бидејќи неговите дишни патишта не се целосно блокирани.
Ако не може да кашла или да испушта звук, удрете го неколку пати цврсто меѓу лопатките.
-Ако тоа не помогне, обидете се со Хајмлихов зафат – ставете ја раката два прста под градната коска и силно притиснете навнатре и нагоре. Така тој успеал да исфрли парче пица од дишните патишта на своето дете.
@dr_mikem Knowing how to handle choking is the MOST important skill EVERY parent should know to able to save your child’s life #pediatrics #pediatrician #parenting #choking ♬ original sound – Dr. Mike Milobsky
Подготовката ја намалува паниката
Најголемиот непријател на родителот во вакви моменти е паниката. Затоа д-р Милобски советува ментална подготовка и едукација. Курсевите, едукативните видеа и замислувањето сценарија можат да ви помогнат да реагирате мирно и ефикасно во време на криза.
Покрај учењето техники за спасување, превенцијата е исто така клучна:
-Надгледувајте ги децата за време на оброците.
-Не дозволувајте им да одат додека јадат.
Видеото на д-р Милобски е прегледано повеќе од 2,1 милиони пати, а многу родители ја идентификувале темата што им предизвикува најголема вознемиреност. Неговата порака е јасна: ова е најважната вештина што родителот може да ја научи – вештина што може да му го спаси животот на детето.