Воспитување

Педагог Снежана Голиќ: Родителството тешко се учи од книга, прво треба да се изградиме себеси

Родителството тешко се учи од книга поради вродените сензори што ги имаат децата.

Тие чувствуваат сè и родителството никогаш не е „држава сама за себе“. Тие чувствуваат каков е нашиот брак, нашиот однос со родителите, нашата позиција на социјалната скала, нашата здравствена состојба…

Тие главно ја чувствуваат вистината, колку и да ја прикриваме со алатките научени од книга.

Најсилните сензори се за нашите намери. Дали се добри? Децата тоа го чувствуваат.

Таа енергија ги победува сите лекции.

Треба да читате книги. Да се едуцирате, да учите. Но, најмногу за себеси.

Здравото родителство е можно само на стабилно изградено „јас“.

Најдоброто нешто што можеме да им го дадеме на децата е нашата оригинална личност, која се запознала себеси и знае како да се грижи за себе. Која знае која е. Знае што сака, а што не сака. Знае како да комуницира со околината.

Добрата вест е дека сето тоа може да се научи.

Без неа, секоја книга за родителство помага, но во многу мали чекори.

Затоа прашањата: „Како сум јас?“ и „Како е мојот партнер до мене?“ се многу поважни и постари од кое било родителско прашање.

Децата чувствуваат сè. Не знаат, често и не смеат да кажат, но чувствуваат сè. Тоа е голема пречка за примена на советите од нашите книги за родителство, што не значи дека треба да ги прескокнеме.

Само треба добро да ја наредиме литературата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top