-Училиштето кое се чуди на знаењето и однесувањето на своите ученици, кое го нервира тоа што децата се деца, не може да биде добро училиште. Децата кои немаат среќа со своите семејства треба да имаат малку повеќе среќа со училиштето. Училиштето би требало да го знае и сака она што родителите не го знаат или не го сакаат – Душко Радовиќ.

Ако некогаш отворам сопствено приватно училиште, Душко Радовиќ ќе биде најцитираниот човек во програмата на тоа училиште.

Моето училиште не би било за послушни ученици, одлични ученици. За нив не треба да бидете многу стручни. Секој знае како да работи со нив, бидејќи речиси сè прават сами.

Моето училиште би било само за оние што не можат да седат мирно на часовите, се нервираат, гледаат низ прозорецот и им се одвлекува вниманието од „секоја глупост“. Обожавам да ја насочувам таа енергија што ќе го промени овој свет, која се троши по споредните патишта, затоа што нема вистинска помош на училиште или дома. И понекогаш изгледа како чиста пропаст.

Тоа би било училиште за деца кои прашуваат: „Зошто ми е тоа мене потребно? Зошто треба да го научам тоа?“

И би имало наставници кои би го знаеле точниот одговор и кои не би ме слушале мене како претпоставена. Би знаеле подобро од мене.

Моето училиште би било за децата кои одбиваат да научат многу факти, знаејќи дека многу брзо ќе ги заборават. За децата што поминуваат 95 минути таму, 5 минути дружење не им е доволно и затоа многу зборуваат на час.

За деца кои некултурно ги бранат своите ставови, за да можам да ги научам како да го прават тоа правилно.

За родителите кои не знаат ништо за родителството, но ќе дојдат, па ќе нѐ прашаат.

Би имале ненадејни тестови на слепа послушност, без критичко размислување, а кој би постигнал високи резултати на нив, би бил прекорен.

Никој не треба да се казнува за добар хумор, а ако познавате помалку од 60% од учениците, мора да одите на дополнителна настава.

Би имало минимално учење, предавања исто така, само заедничко истражување и докажување со примери.

И најважното – авторитет би бил само тој што има решение. Па ако е тоа ученик, тогаш тој нека биде лидер.

Да, министерството би ми забранило да работам, но кој ме спречува да сонувам…

Извор



912

X